1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гаук сонува за „Обединети држави на Европа“

Германскиот претседател Јоахим Гаук во текот на својата прва посета на Европската комисија во Брисел побара неограничено „да“ за Европа.

Претседателот на СР Германија Јоахим Гаук денеска во Брисел се означи себеси како фан на „Обединети држави на Европа“. Иако во моментов не гледам развој во таа насока, јас го посакувам тоа“, изјави Гаук за време на својата прва посета на Европската комисија по стапувањето на функцијата.

Според Гаук се’ едно е што поединечните земји- членки на ЕУ мислат за себе: „Тие повеќе немаат реноме, економска и политичка сила, за да бидат забележени во големите центри на моќ на оваа планета“, изјави Гаук. „Како Европа сме силни, како национални држави повеќе не сме доволно јаки“, порача германскиот претседател и се заложи за неограничено „да“ за Европа.

Bundespräsident Joachim Gauck EU-Kommissar Manuel Barroso Brüssel

Германскиот претседател Јоахим Гаук и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо

Германците не треба да бидат раководени од страв поради должничката криза, изјави Гаук по разговорот со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Барозо. Според Гаук, мора да им се пружи отпор на популистите кои сметаат дека Европа нема иднина.

Брисел е втора посета на странство на Гаук по стапувањето на функцијата пред неполни четири недели. Вчера тој веќе имаше средби со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, со белгискиот премиер Елио Ди Рупо и со претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој.

Денеска Гаук има средба и со претседателот на Европскиот парламент Германецот Мартин Шулц како и со останатите германски европарламентарци во Стразбур.