1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гаук поттикна нова дебата за исламот во Германија

Германскиот претседател Јоахим Гаук се дистанцираше од реченицата на неговиот претходник Кристијан Вулф дека исламот и‘ припаѓа на Германија. Изјава која наиде на поделени реакции.

Како постојано да е присутно чувството „дека секој нов германски претседател ќе мора да дава специфична изјава за исламот“, го цитираат претседателот на Централниот совет на муслиманите Ајман Мазик на интернет-страницата на организацијата, „речиси како ова да е нова христијанска традиција“. Реакциите на интервјуто на германскиот претседател Јоахим Гаук во неделникот „Ди Цајт“ повеќе се иронични, изненадувачки, а помалку се агресивни.

Новиот германски претседател, кој на функцијата е нешто повеќе од два месеца, се произнесе дека реченицата „покрај христијанството и еврејството и исламот припаѓа кон Германија“ е на неговиот претходник Крситијан Вулф: „Јас едноставно би кажал, муслиманите, кои живеат овде припаѓаат кон Германија“.

Гаук остави отворено дали тоа важи и за религијата на доселениците. Тој би можел да ги разбере оние кои прашуваат: „Каде исламот остави белег врз оваа Европа, доживеа ли просветителство или реформација?“ Тој, според него се прашања кои би можеле да имаат своја разврска при една теолошката расправа за европскиот ислам.

Новите тонови од замокот Белви ги изненадија муслиманите

Претходникот на Гаук, Кристијан Вулф со изјавата за исламот во 2010 година отвори дебата во Германија. Според анкетите, со неговиот став не се согласија мнозинството граѓани. Муслиманите меѓутоа, говорот на тогашниот претседател го доживеаја како еден вид ослободување, кое треба да придонесе за подобра интеграција. Сега се чини тие се по малку изненадени од новиот тон, кој доаѓа од замокот Белви, седиштето на германскиот претседател. Интервјуто на Гаук, кој по професија е евангелистички свештеник, би можело повторно да ја отвори дебатата за позицијата на исламот во Германија.

Организацијата на мигрантите ДИТИП, која брои најмногу членови, пред се’ муслимани со турско потекло, зесега не сака да се произнесе по ова прашање. Централниот совет на муслиманите исто така е воздржан.

Советот категорично поддржува една теолошка расправа, каква што поттикнува претседателот и го предлага за покровител на еден ваков процес на дијалог, изјави шефот на Централниот совет на муслиманите Мазик. На тој начин ќе може да биде разјаснето, каков удел има исламот во денешна Европа.

Истовремено Централниот совет на муслиманите на денот кога беше објавено интервјуто со претседателот Гаук, објави расправа на двајца исламски духовни научници, кои потсетуваат на тоа дека уште од 18. век „значаен број муслимани живееле на германска територија“ и многу идеали, настанати во Европа „во голем дел нивните корени ги имаат во исламскиот ориент“.

Обвинувања за работодавачите, политичарите и наставниците по физичко воспитување

Муслиманското малцинство живее веќе трета генерација во Германија и придонесува за германската култура. Расправата меѓутоа содржи и поостри тонови и на германското општество му префрлува недоволна подготовеност да ги прифати муслиманите.

Пречките за тоа биле многу помалку во „домашното насилство“ и „принудните бракови“, кои биле инцидентни. Многу повеќе германските работодавачи биле оние кои ги одбиваат кандидатурите на кфалификувани муслимани и без интервју поради муслиманското презиме и наставниците по физичко воспитување, кои барале муслиманските девојчиња, при наставата по пливање да ги соблечат бурките, кои се дозволени со судска одлука. Во пречките спаѓале сите оние претставници на политиката економијата и општеството кои негираат припадност на исламот кон германскиот идентитет. Расправата на двајцата исламски духовни научници како отворено писмо, е упатена на адреса на претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ ЦСУ во Бундестагот Фолкер Каудер. Тој неодамна се произнесе дека муслиманите припаѓаат кон Германија, но не исламот.