1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Гаук посакува повеќе доселеници во германската политика

Партиите во Германија, според гледиштата на сојузниот германски претседател Јоахим Гаук треба да вложат повеќе напори за интегрирање во своите редови на мигрантите во земјата.

Повеќе политичари со мигрантско потекло во сојузниот (Бундестагот) и во покраинските парламенти во Германија би биле важен сигнал за тоа дека сите граѓани, без оглед од каде дошле, ѝ припаѓаат на оваа земја и ја одредуваат нејзината иднина, порача германскиот сојузен претседател Јоахим Гаук во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг“. Според Гаук досега во сојузниот и покраинските парламенти како и во сојузната и покраинските влади имало само малку жени и мажи со странски корени, но тоа како што рече за среќа полека но сигурно се менува. Шефот на германската држава би можел да си замисли и германски сојузен претседател со странско потекло. Како пример за успешна интеграција, Гаук ги наведе спортските здруженија и клубови, каде многу спортисти и тренери со доселеничко потекло играат клучна улога.

Министерката за труд Урсула фон дер Лајен од друга страна пак денеска (24.08) укажа на позитивниот тренд во доселувањето на странски стручњаци во земјата. Странците кои доаѓаат во Германија се помлади и подобро образувани од просекот кај германското население, изјави министерката за весникот „Рајнишен Пост“.

Поврзана содржина