Гаук: Поголема улога на Германија во светот | Европа | DW | 31.01.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Гаук: Поголема улога на Германија во светот

Германскиот претседател на отворањето на Минхенската безбедносна конференција пледираше за зголемување на влијанието на Германија во светската политика - историската вина не е причина за воздржаност.

Германскиот претседател Јоахим Гаук побара поголема улога на Греманија во меѓународната политика.

„Германија како добар партнер треба да се ангажира порано, порешително и посуштински“, изјави тој на почетокот на јубилејната 50. Минхенска конференција за безбедност. Гаук се заложи за коренита промена во менталитетот: со години политиката во Германија го објаснуваше своето воздржување, прeд се‘ воено, со укажување на своето нацистичко минато. Сега мора да биде јасна нужноста од поактивна улога на Германија, потребна заради одбрана на вредностите за кои земјата се залага.

Не смее да има затворање на очите и бегање пред заканите, побара Гаук. Во пледоајето за посилна улога на Германија во рамките на ЕУ и НАТО, Гаук ги вклучи и воените ангажмани.

„Германија никогаш нема да поддржува исклучиво воени ангажмани, туку ќе преферира претходно исцрпување на политички и дипломатски можности. Но, кога ќе се стигне до крајното решение, ангажманот на Бундесверот, тогаш треба да важи - Германија не смее од принцип да каже ’не’, но ниту рефлексно да рече ’да’“, рече германскиот претседател. Според Гаук, земјата мора да направи повеќе за безбедноста, која неа со години и‘ ја обезбедуваа другите.

Германскиот претседател иницира нова ориентација на германската надворешна политика, истакнувајќи дека Германија е натпросечно глобализирана и затоа натпросечно профитира од отворениот светски поредок.

На Минхенската безбедносна конференција до недела учествуваат над 400 меѓународни гости, меѓу кои 20 шефови на држави или на влади, како и 500 министри за надворешни работи и за одбрана. На агедната на средбата се наоѓаат актуелните конфликти во Сирија и Украина.