1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Гаук во потрага по европскиот идентитет

Сојузниот претседател ги повика Германците да продолжат да ја градат заедничка Европа. Тој признава дека од основањето на ЕУ се направени грешки. Но, и покрај тоа за интеграцијата нема друга алтернатива, смета Гаук.

Во својот говор за Европа германскиот претседател Јоахим Гаук денеска во Берлин опомена на криза во довербата. Актуелната состојба на континентот не може да се опише само како проблем на еврото - меѓу нaселението има генерално незадоволство, кое не смее да биде игнорирано. Многумина граѓани се препуштени со чувството на немоќност и невозможност да влијаат.

„Во Европа постои потреба да се разјаснат работите, со оглед на знаците на нетрпение, исцрпеност и фрустрација меѓу граѓаните“, рече Гаук на адреса на политиката. Токму поради тоа Гаук повика на поголема храброст и одлучност при натамошното обликување на Европа. Тој се произнесе како целосен Европеец, но опомена дека европскиот проект би морало да се посматра од нов агол и покритички.

Според Гаук по падот на Железната завеса премногу источноевропски земји пребрзо беа примени во Европската унија. По брзото проширување кон исток на Унијата и воведувањето на еврото мораат да бидaт отсранети грешките во конструкцијата на ЕУ. „Дури и ако пропаднат поединечни мерки, целокупниот европски проект не е по знак парашање“, нагласи Гаук.

Исто така и при воведувањето на заедничката валута се направени грешки. „Самото евро не доби решително финансиско политичко водство“. Дури спасувачкиот чадор ЕСМ и фискалниот пакт можеа да ја коригираат лошата состојба.

На Европа и треба Велика Британија

Со оглед на евроскептичното расположение во Велика Британија Гаук апелираше до владата во Лондон, да остане во Европската унија. На Европа и е потребно британското искуство како најстара парламентарна демократија. „Потребни ни се Вашите традиции, Вашата трезвесност и Вашата храброст“, рече Гаук. Тој смета дека за натамошниот пат на ЕУ, доколку е потребно, ќе мора да се води и спор во Велика Британија, но нагласи „Повеќе Европа не треба да значи: без Вас“.

Главен недостиг, смета Гаук е недостигот на европска јавност. „Потребна ни е европска агора, заедничко место за дискусија за демократскиот соживот“. За тоа е неопходен заеднички јазик како и поголемо вложување напор, за широките народни маси да се воведат во повеќе јазичноста.