1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гаук во посета на Западниот брег

Германскиот претседател Јоахим Гаук денеска (31.05) е во посета на палестинските територии. Претходно, во Израел, тој побара промена во политиката на доселување.

Во Израел се зафати со жешката тема „политика на доселување“, денеска германскиот претседател е во посета на соседот и противник на еврејската држава во блискоисточниот конфликт. На крајот на четиридневната посета на Блискиот Исток, Јоахим Гаук ќе води политички разговори со претседателот на Палестинците Махмуд Абас и премиерот Салам Фајад. За да го нагласи германскиот „одржлив ангажман“ за изградба на палестинска држава, Гаук во близина на Наблус претпладнево отвори училиште за девојчиња, изградено со германски средства. Селото Бурин, кадешто се наоѓа училиштето, е на палестинска територија, но во близина на две израелски населби.

Актуелната палестинска влада сака мир, нагласи германскиот претседател уште за време на неговата посета на Израел. Таа би морала меѓутоа да се избори со радикалните сили. Затоа Гаук, исто како и германската влада и ЕУ, посакува Израел да „даде знак“ во политиката на доселување. Израелскиот претседател Шимон Перес не го вети посакуваниот „знак“, но изрази оптимизам: „На врвот сме на процесот на склучување мир со Палестинците, кој се заснова врз принципот - две држави за два народа. Процесот е комплексен, но јазот може да се надмине преку директни разговори меѓу лидерите, и тоа набргу.“