1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гаук: Во Авганистан е можен траен мир

Да се влее храброст, но и да се постават барања - ова очигледно е мотото на германскиот претседател Јоахим Гаук при посетата на Авганистан.

Германскиот претседател Јоахим Гаук при неговата прва посета на Авганистан вети натамошна германска поддршка за оваа земја, но опмена на напредок на демократијата и човековите права. „Уверени сме дека е можно да се воспостави траен мир“, изјави Гаук по средбата со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи во главниот град Кабул. Гаук особено ја нагласи рамноправноста на жените во земјата. „Процесот на демократизација мора да продолжи“, изјави тој. Авганистан е општество во транзиција, кое би морало да бележи натамошен напредок по прашањето на демократијата, смета претседателот. 

Темата корупција Гаук не ја наведе директно. Тој меѓутоа укажа дека итно неопходниот екононмски развој на земјата бара и правна сигурност и поволна клима за информирање.

Карзаи од своја страна и’ се заблагодари на Германија за поддршката и го истакна значењето на претседателот Гаук како ангажиран борец за слободата. Тој на германскиот претседател му го додели „Сончевиот орден“, едно од највисоките признанија во земјата.

Präsident Joachim Gauck in Afghanistan ISAF Soldat Camp Marmal Bundeswehr

Претседателот Гаук со војници на Бундесверот

Претходно Гаук со воени почести беше пречекан пред претседателската палата.

Германскиот претседател Јоахим Гаук вчера (17.12.2012) ја започна тридневната посета на Авганистан. Тој е придружуван од неговата животна сопатничка Даниела Шат. Во базата на Бундесверот Мазар и Шариф, каде се стационирани 2.000 од вкупно 4.500 војници на Бундесверот во Авганистан Гаук им се заблагодари на германските војнции, полицјаци и хуманитарни работници за нивниот ангажман.

Во 2014 година треба да заврши воениот ангажман на НАТО во Авганистан.