1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Гаук бара поголема заштита за бегалците

Претседателот на Германија Јоахим Гаук со апел се обрати до ЕУ. Тој бара поголема заштита за бегалците. Да се затворат очите пред овој проблем е кршење на европските вредности, смета претседателот.

По бегалската драма на Лампедуза германскиот претседател Јоахим Гаук упати апел до ЕУ за подобра заштита на бегалците. Да се штитат животи и да се има слух за бегалците е значајна основа за владеењето на правото и на вредностите, рече Гаук при доделувањето на Ордените за заслуга на Сојузна Република Германија во Берлин.

„Оние што бараат прибежиште се луѓе и, како што покажа и вчерашната трагедија, се посебно ранливи луѓе. Ним им е потребна заштита. Да се затворат очите и да се допушти да впловат во една однапред предвидлива смрт е непочитување на нашите европски вредности“, рекол Гаук според манускриптата од говорот.

Italien Flüchtlingsdrama Lampedusa

Се стравува дека во бегалската драма на Лампедуза има повеќе од 300 загинати

Претседателот на одборот за човекови права во Бундестагот, Том Кенигс и‘ префрли на ЕУ дека не се ангажира. Овој политичар од редовите на Зелените за германската телевизија НДР изјави дека катастрофата „можела да биде избегната и морала да биде избегната“. Тој ја обвини Европската унија дека се концентрира само на заштита на границите и се заложи да се формираат институци кои ќе организираат спасувачки акции при опасност од бродолом. Освен тоа, организаторите на овие акции би морале построго да се казнуваат. Овој политичар обвини дека тоа е „повреда на човекови права, која Европа не смее да си ја дозволи“. Кенингс исто така смета, Германија како силна членка на ЕУ би морала да поттикне иницијатива за заштита на бегалците.

Со жалење, гнев и негодување поради несреќата реагираше и организацијата „Про азил“ на несреќата: „Европа ги затвора своите граници и потоа, кога стануваат видливи последиците од изградбата на тврдината (Европа, н.з.), глуми погоденост“, изјави Гинтер Буркхарт, од „Про азил“.

Пред италијанскиот остров Лампедуза вчера (03.10) потона бегалски брод со повеќе од 500 луѓе. Се стравува дека во несреќата животот го загубија повеќе од 300 луѓе.