1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гастарбајтери - жртви во пожарот во Москва

Во пожарот на пазар на периферијата на Москва загинаа најмалку 17 лица. Најмногу од нив се гастарбајтери од поранешните советски републики.

Во пожарот во магацините во покриениот пазар во јужниот дел од руската престолнина Москва, каде што во супстандардни услови живееле странски работници од поранешните советски републики, бројот на загинатите се искачи на 17 луѓе. Повеќето од жртвите се од поранешната советска република Таџикистан, но има и од другите средноазиски држави од поранешниот Советски сојуз. Пожарот изби во магацин претворен во простории каде што странските работници преспивале, околу 3 часот по средноевропско време во вторникот наутро. Магацинот немал директен излез на улицата, па жртвите останале заробени во пожарот.

Работниците живеел во магацински простории на пазарот Качалово во јужниот дел од Москва.

„Просторот не беше наменет за живеење на луѓе. Спиеле набиени во една просторија на штици поставени на четири нивоа. Немаа излез на улицата“, изјави за агенцијата Сергеј Горбунов, претставник на руското Министерство за вонредни ситуации.

Според процените на московските власти, во главниот град на Русија живеат десетици илјади државјани на поранешните советски републики коишто работат на црно на градилишта и пазарите во градот, а најчесто живеат во супстандардни и нехумани услови.