1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Гасот за стопанството ќе тече и по Нова Година

И покрај заканите, Макпетрол сепак нема да го прекине доводот на гас за компаниите во Македонија. Синоќа бил постигнат начелен договор со Регулаторната комисија

default

Фабриките во Македонија беа под закана да остана без гас

Снабдувањето со гас за тарифните потрошувачи од први јануари најверојатно нема да запре. Како што дознава „Дојче Веле“, на вчерашниот состанок помеѓу Регулаторната комисија за енергетика, компанијата снабдувач „Макпетрол Промгас“ и претставници на потрошувачите бил постигнат начелен договор за преодно решение. Надлежните ветиле дека ќе го забрзаат процесот за усвојување на новиот правилник и тарифниот систем согласно новиот закон за енергетика, што беше клучно барање на „Промгас“ кој предупреди дека поради актуелните состојби трпи големи загуби. Илија Хаџидаовски од компанијата „Макстил“ кој бил присутен на средбата за „Дојче Веле“ изјави дека снабдувањето со природен гас ќе продолжи:

„Нема да има прекин со снабдување на природен гас и никој таква работа не најавил, затоа што има тука и потрошувачи квалификувани кои веќе имаат склучени договори со трговци. Така што прекин е нешто пошироко, точно е дека за одредени можеби се најавуваше, но генерално нема да има прекин“, изјави Хаџидаовски.

Промени на пазарот

Okta-Raffinerie in Mazedonien

„Дојче Веле“ се обиде но вчеравечер не успеа да добие став од Регулаторната комисија за енергетика за состанокот. Официјална реакција се најавува за денеска. Без коментар беа и во „Макпетрол Промгас“, кои во понеделникот предупредија дека доколку не се промени тарифниот систем од 2005 година снабдувањето за тарифните потрошувачи е можно да запре. Хаџидаовски очекува во наредниот период да се случат промени во односите на пазарот:

„Мислам дека понатаму сите потрошувачи приклучени на преносната мрежа ќе станат квалификувани потрошувачи и ќе се снабдуваат директно од трговци со природен гас. Новиот закон за енергетика не предвидува снабдувач на тарифни потрошувачи приклучени на природен гас, туку предвидува само снабдувач во краен случај. Ова е преодно решение каде „Макпетрол Промгас“ ја врши таа улога додека не се донесе нов правилник за снабдување на потрошувачите на природен гас“

Компаниите бараат квалификуван статус

Регулаторната комисија за енергетика веќе предупреди дека „Макпетрол Промгас“ не може да ја прекине испораката кога тој ќе посака. Согласно

Bilder zum Projekt Deutschland 360 Grad

законот за енергетика тој имал обрска да продолжи со испорака и вршење на дејноста до една година. Регулаторите не исклучуваат можност за корекција на цената на годишно ниво што ја бара компанијата снабдувач:

„Овие трошоци кои што исто така можеби се реални треба да ги оцениме со доставувањето на неговото барање за определување на тарифата за снабдување која што е годишна согласно со правилникот за цени. Досега Макпетрол Промгас не достави барање, нашиот став е дека снабдувачот на тарифните потрошувачи треба да продолжи со работата. Има зголемени барања од потрошувачите за да поминат во квалификувани. Тие што исполнуваат услови согласно правилникот ќе добијат, меѓутоа остануваат тарифните потрошувачи заштитени согласно нашата одлука“, изјави Димитар Петров претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

За промена на статусот од тарифен во квалификуван аплицирал и „Макстил“. Доколку добие позитивен одговор тогаш оваа компанија ќе може сама да се снабдува со гас од трговци на пазарот со електрична енергија. Ваков статус засега имаат само „Топлификација“, термоелектраната „Те-То“ и „Когел“. Сите останати 29 корисници се тарифни, односно корисници на преносниот систем кои купуваат гас по цена која ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Усвојувањето на новите тарифи и правила ќе отвори простор за конкуренција односно слобода на пазарот за сите потрошувачи на гас во земјата.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Борис Георгиевски