1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Гамбари повторно во Мијанмар

*

Специјалниот пратеник на ОН за Мијанмар ,Ибрахим Гамбари,по втор пат откако воената хунта крваво ги задуши мирните протести,отпатува во оваа земја.Во Рангун тој најпрво ќе разговара со високиот дипломат на ОН Чарлс Петри,кого хунтата го прогласи за непожелна личност.Петри отворено го критикуваше воениот режим на Мијанмар.Гамбари ќе се сретне и со претставници на хунтата,во обид да ги убеди да воспостават дијалог со опозицијата.