1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Гамбари извести за ситуацијата во Мијанмар

*

Еден ден по понудата за разговор на шефот на хунтата во Мијаммар упатена до лидерот на опозицијата, нобеловката Аунг Сан Су Кји, претставник на американската амбасада оствари средба со претставници на власта. Дипломатот Шари Волароса треба на претставниците на хунтата да им го пренесе меѓународното огорчување од крвавото задушување на протестното движење во земјата. Вчера, изненадувачки, режимот во Мијанмар даде понуда за разговори до опозицијата. Шефот на хунтата, Тан Шве, е подготвен да се сретне со Аунг Су Кји, под услов носителката на Нобелова награда претходно, како беше речено, да се откаже од нејзиниот курс на конфронтација. Во меѓувреме, специјалниот пратеник на ОН за Мијанмар, Ибрахим Гамбари, го информираше генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, за ситуацијата во таа земја. Гамбари во Мијанмар разговараше со шефот на воената хунта и со лидерот на опозицијата. Тој имаше намера да ги натера воените власти да запрат со насилството врз демонстрантите.