1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Газа пред граѓанска војна?

Најмалку две лица загинале во последните судири меѓу палестинските фракции на Фатах и Хамас во појасот Газа. Саудиска Арабија и Египет понудуја посредство во преговорите меѓу судрените страни. И Хамас и Фатах, како и палестинскиот претседател Абас го прифатија повикот на саудискиот крал Абдула да дојдат во Мека на разговори. Во меѓувреме палестинскиот министер за информации Јусеф Риска предупреди дека п

Борбите продолжуват

Борбите продолжуват

ојасот Газа е на раб на граѓанска војна.

Џибрили Раџуб не сака да зборува за граѓанска војна. Но, загрижен е поради ескалацијата на насилство во појасот Газа. Политичарот на Фатах од Хеброн, и поранешен шеф на безбедносните сили на Западниот брег, во неделата за израелското радио изјави:

“Ситуацијата е страшна. Во палестинската историја досега немало ваков пример. Но, се уште не сме дојдени до степен на граѓанска војна. Бидејќи мнозинството во двете фракции е против тоа. Но, за жал потребни се неколку неодговорни будали за да се дојде до таква ситуација”.

Најмалку 24 мртви и десетици ранети е билансот од судирите меѓу Хамас и Фатах во појасот Газа, само во последниве три дена. Меѓу жртвите има и многу цивили. Во меѓувреме и над 50 лица во Газа и Западниот брег се киднапирани и се чуваат како заложници. И двете страни се закануваат дека ќе ги ликвидираат заложниците ако другата страна не попушти.

Сами Обеид, радионовинар од Газа вака ја опишува ситуацијата:

“Кај Палестинците владее страв од она што се случува. Во Газа се води вистинска војна меѓу Хамас и Фатах. А зошто е војната? За пари, кои палестинскиот народ ги добива како донација од целиот свет. И во оваа војна има многу жртви, загинати и повредени, голем дел од нив цивили. Палестинскиот народ плаќа навистина голема цена”.

Под закана се не само милитантите и цивилите, туку и политичарите и претставниците на двете страни. Во саботата беше стрелано врз куќата на министерот за надворешни работи Махмуд Ал Захар. Активистите на Хамас се заканија дека ќе го ликвидираат највлијателниот човек на Фатах во Газа, Мухамада Далан, а не е помала заканата и за палестинскиот претседател Махмуд Абас. За политичарот Џибрил Раџуб убиство на висок политичар би било страшен кошмар и во таков случај веќе никој не би можел да ја спречи спиралата на насилства.

Премиерот Ханија свика итна седница на кабинетот. Ги повика и автономните власти лојални на Фатах да се повлечат од улиците. Фатах пак ги обвини милициите на Хамас дека се виновни за новите тензии. И во Израел се загрижено за развојот на настаните во појасот Газа. Повеќе политичари побараа дури да интервенира израелската армија.