1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гадафи ја губи контролата во Либија

Состојбата во Либија ескалира. Владите од светот ги евакуираат своите граѓани. Очевидци, кои ја напуштија земјата сведочат за ситуација слична на граѓанска војна. За состојбата во Либија расправа СБ на ОН.

default

Телевизискиот настап на Гадафи

Состојбата во Либија и натаму е нејасна. Од таму пристигнуваа само спорадични информации. Странските медиуми немаат пристап во земјата, а информациите тешко протекуваат. Последната што ја пренесоа светските агенциии е информацијата на репортер на новинската агенција Ројтерс кој информира дека границата на Либија кон Египет, е во рацете на опозицијата. Противниците на властодржецот Муамар ел Гадафи биле вооружени со калашникови и гумени палки, известува репортерот. Според информации на опозицијата во Либија, во немирите изминативе денови загинале повеќе од 500 луѓе.

Libyen Unruhen Gaddafi Tripolis 20.02.2011 NO FLASH

Триполи

Владите од светот се обидуваат да ги евакураат своите граѓани од северноафриканската земја, првите кои ја напуштаат Либија информираат: „Мината ноќ беше страшна, престрелката траеше од 10 часот вечерта до 5 часот утрината. Бев сместен во хотел во центарот.“ - „Минав три страшни денови. Видов луѓе како пукаат. Никаде не се чувствуваме сигурни. Среќни сме што избегавме од овој пекол“, информираат двајца сведоци, кои вчеравечер од Либија пристигнаа на Малта. Во островската држава оддалечена 350 километри од либискиот брег, вчера слетаа и два борбени авиони. Двајца либиски пилоти дезертираа, откако според нивните искази, им била дадена наредба да ги бомбардираат демонстрантите во Бенгази. Тоа меѓутоа не сакале да го сторат и избегале во Малта, каде побарале политички азил и на ЕУ и понудиле информации за активностите на либиската армија.

Бан Ки Мун: неприфатливи се воздушни напади врз демонстрантите

На извештаите за воздушни напади синоќа бурно реагираше и генералниот секретар Бан Ки Мун: „Авторитетите во

Schweiz Wirtschaft Weltwirtschaftsforum in Davos UN Ban Ki mmoon

Ман Ки Мун

Либија одобриле воздушни напади врз демонстрантите. Ова е неприфатливо и мора неодложно да прекине.“

Либискиот вицеамбасадор во ОН Ибрахим Абаши утрово преку италијанското радио апелираше: „Бараме од меѓународната заедница да застане на страната на либискиот народ. Овде се врши геноцид. Легионерите пукаат во се’, итно мора да се преземе нешто.“

Либиската државна телевизија меѓутоа денеска демантираше дека е извршен масакр врз учесниците во антивладините протести, а либискиот претседател Моамер ел Гадафи ги отфрли шпекулациите дека поради големите протести во земјата побегнал во Венецуела појавувајќи се на државната телевизија.

Советот за безбедност на ОН инаку денеска одржува вонредна седница за состојбата во Либија.

Автор: Даниела Штал/ Александра Трајковска/ дв/ дпа/ ртре

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM