1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гадафи сокрил злато и дијаманти во Јужна Африка?

Либискиот екс-диктатор Моамер ал-Гадафи, според медиумски извештаи, сокрил во Јужноафриканската Република повеќе од една милијарда долари.

Парите на Гадафи се, меѓу другото, вложени во злато и дијаманти во четири банки и две фирми за безбедност, известува локалниот весник „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на различни извори и официјални информации. Либиските власти, според весникот, на јужноафриканското министерство му доставиле докази за постоењето на парите и побарале од Јужноафриканската Република да им ги предаде.

Според извештајот во весникот, либиските инспектори уште во ноември 2012 година контактирале со јужноафриканската влада околу случајот, околу една година по соборувањето на Гадафи (на фотографијата во 2011 година, архива), кој беше убиен во октомври 2011 година по народниот бунт. На трагата на парите на Гадафи истрагата дошла преку поранешниот шеф на либиската тајна служба, Абдалах ал-Сенуси, кој беше уапсен во март 2012 година.

Јужноафриканската Република во повеќемесечниот конфликт во Либија се изјасни против интервенција на НАТО. Портпарол на јужноафриканското министерство за финансии денеска изјави дека моментно се врши проверка на барањето на либиските власти во врска со парите на Гадафи.