1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гадафи погребан во пустина

Посмртните останки на поранешниот либиски претседател Моамер ел Гадафи биле погребани во либиската пустина. Преодната влада потврди дека телото било погребано рано утрово.

default

Преодната влада на Либија претходно не успеала да најде компромисно решение со племето на Гадафи околу предавањето на посмртните останки и условите за нивно погребување. Затоа телото сепак било погребано на непознато место во либиската пустина и тоа само во присуство на исламски свештеници. Заедно со Моамер Гадафи погребан бил и син му Мотасим, кој загина во борбите за градот Сирт.

Другиот син на Гадафи, Саиф ал Ислам, пак, се подготвува да избега од Либија преку пустината на границата меѓу Алжир и Нигер. Претставници на преодната влада на Либија соопштија дека Саиф се служи со фалсификуван пасош и дека во подготвките на неговото бегство бил вмешан и поранешниот шеф на либиските тајни служби. Пустинскиот регион меѓутоа е многу тешко да се контролира, затоа се мали шансите Саиф да се спречи во намерите за бегство. Тој имаше клучна улога во организирањето на отпорот на лојалните сили против востаниците и се сметаше за веројатен наследник на полковникот Моамер ел Гадафи.

Автор: ГЧ/ дв/ ртр

Редактор: А.Трајковска