1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гадафи повикува на џихад против Швајцарија

Водачот на либиската револуција Муамер Ел Гадафи ги повика муслиманите од целиот свет на света војна против Швајцарија. Тоа е земја на неверници, во која се уриваат џамии, порача Гадафи на средба со приврзаници.

default

Лидерот на либиската револуција, Муамер Ел Гадафи

„Секој муслиман во светот, кој соработува со Швајцарија е отпадник и е против пророкот Мухамед, против бога и коранот“, изјави вчера лидерот на Либија, Моамер Ел Гадафи. Во говорот во источно-либискиот град Бенгази тој уште порача: „Масите муслимани мораат да се слеат кон сите аеродроми во исламскиот свет и да го спречат слетувањето на секој авион од Швајцарија. Масите мораат да одат кон пристаништата и да го спречат секој швајцарски брод да пристане. Тие мораат да ги прочешлаат сите продавници и пазари за да го спречат продавањето швајцарски производи.“

Гадафи уште додаде дека доколку Швајцарија би се граничела со Либија, тој би повел војна. Затоа пак побара светата војна против Швајцарија да се води со сите можни средства.

Gaddafi Heiliger Krieg gegen die Schweiz

Гадафи на говорот во Бенгази

Во говорот во Бенгази тој го осуди и референдумот на кој граѓаните на Швајцарија минатата година со големо мнозинство се изјаснија против градењето минариња во земјата.

Стар конфликт

Швајцарското министерство за надворешни работи одби да ги коментира изјавите на либискиот претседател. Односите меѓу двете земји се влошени од 2008 година, кога еден од синовите на Муамер Ел Гадафи беше уапсен во луксузен хотел во Женева поради обвинение за малтретирање на персоналот. По кусиот притвор, синот на Гадафи беше пуштен на слобода, но Либија сепак во знак на протест ги сопре испораките на нафта за Швајцарија, повлече милијарди долари од швајцарските банки, па дури и уапси привремено двајца швајцарски бизнисмени, кои работеле во Либија.

Автор: ГЧ/АТ/дпа/ап/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска