1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гадафи: Не ја напуштам земјата!

Либискиот властодржец Моамер ел Гадафи одбива да се повлече од власт и покрај офанзивата на бунтовниците во градот Брега и постојаните НАТО-напади. Тој вели дека никогаш нема да ја напушти земјата на своите предци.

default

Моамер ел Гадафи вели дека ќе биде прв во секоја битка

Моамер ел Гадафи не сака компромис со бунтовниците. Тоа уште еднаш го исклучи вчеравечер (16.07) во својот говор пред илјадници приврзаници. Гадафи рече дека никогаш нема да отстапи:

Бунтовниците се во офанзива кај Брега, а траат и нападите на НАТО

Бунтовниците се во офанзива кај Брега, а траат и нападите на НАТО

„Велат дека ќе заминам за Хонолулу. Тоа е смешно! Треба да ја напуштам земјата на моите предци, на нашите маченици и мојот народ? Мојот народ е подготвен за умре за мене и јас сум подготвен да се жртвувам. Ќе бидам прв во секоја битка“, викаше Гадафи преку телефон, обраќајќи им се на луѓето собрани во Аз-Завија.

Со третиот говор во рок од три дена, самопрогласениот водач на револуцијата им се обраќаше на луѓето од Аз-Завија, гратче на 50 километри западно од Триполи. На централниот плоштад на Аз-Завија синоќа се собраа илјадници луѓе, а паролите на Гадафи беа пренесувани преку звучници. Телевизијата, истовремено, вршеше пренос.

Контакт групата го призна Преодниот совет за легитимен претставник на либискиот народ

Контакт групата го призна Преодниот совет за легитимен претставник на либискиот народ

Гадафи ги обвини бунтовниците дека преминале кон христијанство. Исламот е понижен преку крстот, рече Гадафи. Тие, значи НАТО, бомбардирале џамии, но пет милиони вооружени Либијци ќе ги ослободат окупираните градови на истокот кога тој ќе издаде наредба, викаше либискиот властодржец.

Во петокот (15.07), во Истанбул, таканаречената Контакт група за Либија го призна Преодниот совет на бунтовниците за легитимен претставник на либискиот народ и побара повлекување на Гадафи од власт.

Автор: Јирген Стријак / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски