1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Гадафи бара „атрактивни Италијанки“ во Рим

Либискиот претседател Моамер Ел Гадафи привлече големо внимание на самитот за храната во Рим, не поради неговите ставови искажани за време на официјалниот дел, туку поради однесувањето надвор од конференциската сала.

default

Моамер Ел Гадафи

Владата на либискиот претседател Моамер Ел Гадафи објавила оглас во италијанските весници со посредство на агенција за хостеси, во кој барала „200 атрактивни Италијанки“ на возраст меѓу 18 и 35 години на кои им биле ветени по 60 евра и подароци доколку се појават на забава во една локална вила.

Gaddafis Leibwache

Ова е женскиот дел од обезбедувањето на Гадафи

На забавата се појавил лично Гадафи, кој на жените им дал по една копија од Коранот, им одржал предавање за Либија и им понудил да преминат во Ислам. Клучниот аргумент кој им го понудил Гадафи на жените за промена на верата, бил дека Исус Христос всушност и „никогаш не бил распнат, туку дека некој кој наликувал на него бил ставен на крстот“. Либискиот амбасадор во Рим, за агенцијата АНСА, изјави дека се планираат и други вакви забави за време на тридневниот престој на Гадафи во земјата. Скандалот го откри италијанска новинарка која се пријавила на огласот и анонимно присуствувала на забавата.

Автор: БГ/ЖА/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска