1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вaтeрполистите ги дознаваат противниците

Македонската ватерполо репрезентација денеска ќе ги добие противниците во групата за олимписките квалификации што од 1-ви до 8-ми април ќе се одржат во Едмонтон, Канада.

default

Репрезентација на Македонија во ватерполо по вторпат ќе учествува на олимписки квалификации откако пред четири години во Орадеа, Романија, го освои 8-то место во конкуренција на 12 репрезентации. И на овие квалификации ќе настапат 12 репрезентации ( 8 од Европа и 4 од Северна Америка и од Јужна Америка).
Македонија на извлекувањето ќе биде во шестиот „шешир“ заедно со репрезентацијата на Турција. Репрезентациите во првата фаза ќе бидат поделени во две групи по шест.
Другите селекции се поделени-Прв „шешир“: Шпанија и Црна Гора, Втор „шешир“: Германија и Канада, Трет „шешир“: Романија и Бразил, Четврти „шешир“: Грција и Аргентина, Петти „шешир“: Холандија и Венецуела. Четирите најдобропласирани репрезентации ќе изборат пласман на Олимписките игри во Лондон.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Ж.Ацеска