1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

В година ќе дојдеме пак...

Селата во источна Македонија забрзано се празнат. Експертите предупредуваат дека е потребна демографска стратегија на државата, вложувањата во инфраструктурата и економска ревитализација на напуштените села.

default

Папавница, Стенче, Папрадиште, Јелошник - тоа се само дел од долгата низа села во Македонија, кои веќе ги нема на географската карта, или се на пат тоа да им се случи. Познатиот демограф Никола Панов од Природно – математичкиот факултет на државниот универзитет во Скопје, вели: „Од вкупно 1767 села во Македонија, во овој момент 146 се целосно избришани од географската карта, додека 350 се во фаза на целосно распаѓање, односно на раселување. Таму населението брои од 10 - 50 жители.“

Најраселен – источниот дел на Македонија

Професорот Панов натаму конкретизира: „Најраселени е источните подрачја на Македонија. На пример, во Валандово 13 села се целосно раселени, во Кавадарци - во Повардарието 8 села, во Новаци – во централниот дел на Македонија 8 села, во Радовиш 13 населени места, во Штип 9 и така натаму.“

Отуње е едно од испустените македонски села на Шар

Jelec Panorama

Селата се празнат

Планина, во тетовскиот регион. 81 годишната Костадинка Васовска и другите неколкумина жители – викендаши, навраќајќи се на минатото, велат: „Имало музика, млади луѓе имало, сега ги нема младите, не се враќаат, не идат.“

„Порано живееја многу луѓе – повеќе од 80 куќи, ама, поради вработувањата во Тетово, учењето во школи ваму – таму се раселија. Немаше струја, пат, немаше вода ...“

„Ова се стари села: стари според луѓето што живеат, што престојуваат овде. Младежот го нема – тоа е она најлошото.“

„Како било порано?! Се знае како било: со стока, со магариња, овци, едно – друго ... Деца, школо имаше овде. А сега – преку викендот што доаѓаат и луѓе што има само во неколку куќи.“

„Државата треба да вложува малку повеќе, да обрне внимание на зачувувањето на природата, на шумите. Со малку средства да се поведе грижа за развој на селскиот туризам, овде да биде и национален парк. Тогаш повеќето луѓе ќе се враќаат.“

„Во албанските села има голем природен

прираст, а не депопулација“

Професорот Никола Панов нагласува: „Ова се однесува претежно на македонските села, а не за албанските. Во албанските населби нема депопулација. Таму има дури и пренаселеност: во Тетово, Гостивар, во скопските општини Сарај, Арачиново, Студеничани ... Таму има

Zwei Serben aus dem Dorf Koretiste, Gnjilan im Kosovo

Некаде има по неколку жители, повеќето стари

голем природен прираст: по 300 – 400 жители на еден квадратен километар.“

Сепак, дел од иселените жители од напуштените села се обидуваат да им се спротивстават на страотните последици од негрижата на државата за селата и земјоделството. Некаде луѓето дури и самите ги прогласуваат своите родни населени места како некакви „еколошки села“, колку да обезбедат пари од меѓународни и други фондови за градење комунална инфраструктура во тие средини.

Без економска основа за обнова селата ќе

продолжат да живеат само во сеќавањето на луѓето

Владимир Боцев, магистер по етнологија и вработен во Етнолошкиот музеј на Македонија, во врска со ваквите настојувања истакнува: „Преку традицијата, значи, преку изведувањето на оние обичаи кои за нив значеле и кои се‘ уште имаат значење, луѓето се борат на некој начин да му го продолжат животот на селото. Иако во крајни случаи тоа е сосема празно, а во некои случаи има жители, но повеќето стари.“

Боцев заклучува со предупредувачки тон: „Дури, се формираат и одбори за заживување на одредени села, кои имаат за цел да се направи пат, да се воведе струја. Но, ако не се направи нешто посериозно, пред се‘ на економски план, тогаш овие обиди можат само привремено да го продолжат животот на селото.“

Се‘ на се‘, експертите од поодамна имаат кажано дека на Македонија и‘ недостасуваат не само демографска стратегија на ниво на државата, туку сега веќе и посебна политика за економско заживување на испустените подрачја.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска