1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вучиќ: Србија може побрзо, повеќе и подобро!

Претседателството на Српската напредна партија (СНС) едногласно ја прифати идејата на претседателот Александар Вучиќ за вонредни избори во Србија. Тие ќе се одржат на 16. март.

Само неколку дена по почетокот на преговорите за членство во ЕУ, во Србија е договорено одржување предвремени парламентарни избори. Ова денеска го реши водството на владејачката Српска напредна партија едногласно во Белград. Бидејќи и Социјалистите како помал партнер во владата се согласија со идејата, заедничката влада утре ќе му достави соодветен предлог за распушатње на парламентот на претседателот Томислав Николиќ, кој и самиот бараше вакво решение.

„Србија може побрзо, повеќе и подобро. Немаме ни момент за губење, зашто луѓето живеат тешко, младите немаат работа“, го образложи решението партискиот претседател на СНС, Александар Вучиќ.

Тој не се изјасни околу можни коалиции. На викендов објавените анкети на јавното мислење велат дека СНС може да смета со 45 проценти од гласовите, со што би можела и сама да владее. Според анкетите, СПС на премиерот Ивица Дачиќ може да смета на 11 проценти гласови, а најголемата опозициона партија, Демократската, на околу 13 проценти.

Но, Вучиќ не ги урна мостовите кон досегашниот партнер во владата, Социјалистичката партија на Србија (СПС).

„Ивица Дачиќ не беше лош премиер, но атмосферата во општеството ги спречи брзите реформи во земјата“, изјави можниот нов премиер. Во минатиот перидо водечките членови на СНС редовни ги означуваа првите луѓе од СПС за „кочничари на реформите“ и им припишуваа вмешаност во криминални афери.

Сите опозициони партии ја поздравија најавата за вонредни избори, две години предвреме.

Според соопштението од кабинетот на претседателот Томислав Николиќ, тој ќе реши за распуштање на парламентот и можеби до в среда ќе распише нови избори, откако ќе го прими предлогот од владата.

Невработеноста во Србија моментно изнесува 20,1 процент, просечната плата е околу 400 евра. Дефицитот во буџетот веќе четврта година по ред е 7 проценти од брутодомашниот производ, државното задолжување изнесува 60 проценти од економскиот учинок.