Вучиќ – совеста ми е мирна и не се плашам од судот на народот | Свет | DW | 05.05.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вучиќ – совеста ми е мирна и не се плашам од судот на народот

Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ смета дека примената на договорот меѓу Србија и Косово ќе биде тешка, бидејќи ЕУ и Приштина се обидувале при спроведувањето да уфрлат работи кои не биле договорени.

Вучиќ ќе го посети Косово на 12 мај, за со тамошните Срби да разговара за бриселскиот договор меѓу Србија и Косово. Состанок на истата тема ќе биде одржан и во вторник (07.05.) во Белград. Вучиќ изјави дека совеста ми е мирна и оти не се плаши од судот на својот народ, без оглед на тоа какви планови и да имаат за негов пречек на Косово. Тој не се плаши дури и ако фрлаат по него со домати, јајца или камења.

„Мене совеста ми е целосно чиста. Направив најдобро што можев и се борев за интересите на својот народ и никој нема да ме исплаши“, изјави потпретседателот на српската влада во интервју за српската телевизија Пинк. Тој додаде дека го разбира ставот на косовските Срби, но дека не го разбира „нивниот обид да ја менуваат политичката мапа на Србија и што немаат разбирање за најголемиот дел од Србија, за другите луѓе“.

Catherine Ashton Dacic und Vucic

Вучиќ вели дека во Брисел направил најдобро што можел

„Еве им можност за референдум, еве им можност за избори. Повеќе од тоа не може, но ми се чини дека тие кои ја застапуваат ваквата идеја не би добиле повеќе од 10 проценти“, оцени Вучиќ.

Тој смета дека примената на договорот од Брисел ќе биде тешка, бидејќи ЕУ и Приштина се обидуваат при спроведувањето на планот да уфрлат нешто што не постои во договорот и што не е во неговиот дух.

Потпретседателот на српската влада нагласи дека со добивањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ, Србија ќе привлече повеќе инвеститори, чие интересирање веќе почнало да расте.