1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Вучиќ во мисија на охрабрување пред изборите на Косово

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ во пресрет на локалните избори на Косово, кои се одржуваат на 3 ноември, денеска (01.11) е во посета на Грачаница.

Алексдандар Вучиќ на Косово требаше да отпатува минатата недела, но тоа не го стори поради тоа што косовските власти не дозволија влез за српскиот министер задолжен за Косово, Александар Вулин. Основниот суд во Митровица го осомничи Вулин за илегално влегување во Косово и издаде потерница против него. Тогаш Вучиќ изјави дека не сака да оди на Косово без Вулин.

Приштинските власти, меѓутоа, вчера (31.10) ја повлекоа потерницата по Вулин, затоа што утврдиле дека тој на 16 окотмври сепак легално влегол на Косово. Вулин денеска допатува заедно со Вучиќ во Грачаница, кој како што рече доаѓа за да ги охрабри Србите да излезат на локалните избори.

ЕУ вчера оцени дека изборите в недела се „клучен момент“ за иднината на Косово и воопшто за нормализација на односите на Белград и Приштина. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон ги повика сите граѓани да излезат на гласање и им се заблагодари на Белград, Приштина и на мисијата на ОБСЕ за вложениот труд во подготовката на изборите.