1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вулф под се’ поголем притисок

Германскиот претседател Вулф и понатаму е мета на критики. Откако се најде на удар на јавноста поради еден приватен кредит, сега притисокот е уште поголем откако се откри дека се обидел да врши притисок врз медиуми.

default

Кристијан Вулф

Од средината на декември најголемиот таблоид „Билд“ изнесува нови детали за т.н. кредитна афера на претседателот Кристијан Вулф. Токму овој весник го откри скандалот за приватниот кредит со кој некогашниот покраински премиер ја купил оваа куќа.

За време на неговата посета на заливските земји Вулф се обидел да го спречи објавувањето на информациите. Лично се јавувал кај главниот уредник на „Билд“, па дури и кај неговиот шеф. Вулф се заканувал со тужби доколку биде објавена информацијата. Во меѓувреме тој ги повлече заканите, но штетата остана.

„Тоа е тешка повреда на слободата на информирањето. Тој се обидел да влијае, тој се обидел да спречи објавување на информации и тоа нема ништо заедничко со слободата на информирањето“, вели Хендрик Цорнер од Здружението на германските новинари.

24.01.2009 DW-TV Journal Interview Heil

Хубертус Хајл

Опозицијата, која досега беше воздржана во критиките, сега го зголеми притисокот.
„Имаме впечаток дека овој случај се открива чекор по чекор, и затоа бараме што е можно побрзо сите детали да излезат на виделина, за да се спречи натамошна штета. Лично морам да кажам дека мојата доверба е разнишана“, изјави Хубертус Хајл претставник на опозициската СПД.

Кусо пред Божик, Вулф имаше лично обраќање со кое се надеваше дека скандалот ќе се затвори. Од неговиот кабинет велат дека за целиот случај, Вулф и неговите претставници одговориле на стотици прашања и биле целосно транспарентни. Но, за телефонските и разговорите во четири очи, претседателот досега ништо не кажа.

Автор: Андреа Бухбергер/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

Аудио и видео прилози на оваа тема