1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вулф повика на справување со омразата против странците

Во традиционалниот божиќно обраќање, германскиот претседател Кристијан Вулф се заложи за отворено општество во земјата.

default

Германскиот претседател Кристијан Вулф пред божиќната елка

Во Германија нема место за омраза против странците, насилство и политички екстремизам, изјави Вулф осврнувајќи се со тоа на неодамна откриената серија убиства извршена од неонацистичка група од градот Цвикау, во покраината Тирингија.

„Злосторствата на извршителите опиени од расизам не‘ шокираа сите нас“, изјави Вулф. Тој притоа повика на будност и подготвеност да се дејствува за демократијата и за животот во слобода на сите луѓе во Сојузна Република Германија.

Bundespräsident Christian Wulff

Вулф се извини за аферата во обраќање до јавноста

Без осврнување на аферата со приватниот кредит

Покрај тоа, Вулф ги охрабри граѓаните во поглед на европската финансиска криза. Тој, како што рече, е уверен дека ќе се успее да се најде излез од кризата. Германија останува солидарна кон Европа, порача претседателот.

Тој во своето обраќање не се осврна на критиката кон него поради земениот приватен кредит од пријател претприемач и неговите блиски врски со бизнисмени во земјата.

Вулф вчера (23.12.2011) меѓутоа, во лична изјава, изрази жалење поради неговиот однос кон целата афера и се извини поради тоа.

Автор: СН/ЕМФ/дпа/дв

Редактор : Елизабета М. Фиданоска