1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вулф (не) се оправда вистински

Германскиот претседател Кристијан Вулф одби да даде согласност за објавување на заканите по телефон до уредникот на весникот „Билд“ со цел да спречи објавување текст во весникот за неговиот приватен кредит.

default

Претседателот Вулф

По синоќешното телевизиско интервју на Вулф за аферата со медиумите, се заострува конфликтот меѓу претседателот и весникот „Билд“. Главниот и одговорен уредник на „Билд“ Каи Дикман побара согласност од Вулф за јавно објавување на неговите закани снимени на телефонскиот меил бокс. Во меѓувреме, сојузниот претседател одби да даде ваква дозвола. Зборовите оставени на телефонскиот меил бокс биле наменети само за Дикман, гласи образложението

Bundespräsident Wulff und Kai Diekmann

Кристијан Вулф и Каи Дикман

Дикман со изненаденост реагираше на изјавите на Вулф во интервјуто за јавната германска телевизија, првиот и вториот канал, АРД и ЦДФ од синоќа. Сојузниот претседател тврдеше дека целта на неговиот телефонски повик до главниот и одговорен уредник не била спречување на објавувањето на текстот за спорниот кредит за куќа на претседателот, туку негово одлагање за еден ден. Вулф сепак призна дека повикот бил тешка грешка, за која тој се извини. Тој би сакал да остане на функцијата, за по пет години да може да извлече позитивен биланс-на еден добар претседател, изјави Вулф, тврдејќи дека никогаш не направил нешто неправо.

Адвокатите на Вулф во меѓувреме на интернет објавија изјава од претседателот на повеќе страници како одговор на обвинувањата против него.

Германската опозиција изрази незадоволство од објаснувањето на шефот на државата Кристијан Вулф за скандалот со заканите врз новинарите.

Лидерот на Социјалдемократската партија Зигмар Габриел ја повика канцеларката Ангела Меркел да преиспита дали Вулф е подобен за највисоката државна функција. Владејачките партии го поздравија извинувањето на Вулф со олеснување.

Автор: ЖА/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM