1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вук Јеремиќ исклучен од партијата

Извршниот одбор на Демократската партија (ДП) го исклучи Вук Јеремиќ од партијата заради непочитување на одлуката на Главниот одбор на ДП и кршење на статутот на партијата.

„Во Демократската партија размената на мислења и аргументите се секогаш добредојдени, а откако органите на партијата ќе донесат одлука, таа е обврзувачка за сите членови на партијата, без исклучоци“, соопшти ДП по седницата на Извршниот одбор.

Вук Јеремиќ е исклучен од партијата бидејќи не го врати пратеничкиот мандат, иако Главниот одбор го побара тоа од него. Тој претходно изјави дека не сака да го врати мандатот затоа што тоа би било во спротивност со Уставот и законот кој го третира пратеникот, а не партијата, како сопственик на мандатот.

Во изјава за медиумите дадена на крајот на јануари, Вuк Јеремиќ уште рече дека нема „никакви политички планови за дејствување, освен во рамки на својата партија“. „Не размислувам за премин во друга партија“, нагласи тој и негираше дека со историчарот Чедомир Антиќ планира основање сопствена партија.

Поврзана содржина