1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вуду-култ на црни петли и канибали!?

Хаити важи за центар на вуду-ритуалите, повикувањето духови и други култови во Централна Америка. Овие ритуали се длабоко всадени во афроамериканската религија, а постојат и врски со католицизмот.

default

Култот Вуду е многу силен во Хаити

На повеќето жители на Хаити по земјотресот, им преостанаа само уште молитва и надеж, за да ги преболат губењето на своите најблиски, на домовите, сиромаштијата и општиот очај. Луѓето се собираат околу урнатите цркви и заеднички се молат. Хаиќаните се длабоко религиозни. Околу 55 проценти од 10-те милиони жители се католици, речиси 30 отсто припаѓаат на некоја евангелистичка црква, а еден процент се Англиканци. Но, на островот се‘ уште е многу силен и древниот култ Вуду.

Корените на Вуду се во Африка

„Во суштина Вуду е афроамериканска религија. Корените се наоѓаат во Бенин во Африка, а во првата половина од 18-от век култот стигнал до Карибите“, објаснува д-р Матиас Пелман од евангелистичката Централа за погледи на светот во Берлин. Кога африканците биле претворени во робови и доведени на Хаити, со себе ги донеле и своите религии, меѓу нив и Вуду. Култот е најмногу раширен на Хаити, во соседната Доминиканска Република и во американската сојузна држава Луизијана. До 1840 година, Вуду на Хаити бил државна религија.

Поради масовното покрстување и забраната на африканските доселеници да ги вршат своите матични обреди, најголемиот дел од африканските божества биле идентификувани со католички светци. Тоа било единствениот начин, неказнето, да се продолжи традицијата.

Вуду не е култ на ѓаволи и демони

BdT Frankreich Paris Gericht erlaubt Verkauf von Nicolas Sarkozy Voodoo Puppe

Жена „боцка“ вуду-кукла на францускиот претседател Саркози во Париз

Во центарот на ритуалот е комуникацијата со божествата, односно со духовите на претците. Најчесто во селата и во градовите се создаваат центри околу свештеници кои се тревари, експерти за иницијација, жртвување, или претскажување судбина.

„Во Вуду постои претстава за врховно божество-создател, а помеѓу постојат духови, ткн. Лахос кои стапуваат во контакт со луѓето“, објаснува Пелман.

„Тоа се случува така што духовите, во текот на церемониите, влегуваат во човечкото тело. Тоа потоа се нарекува транс. Така духовите можат да комуницираат со луѓето“.

Целта на ритуалите е на духовите да им се искаже почит, и да се даруваат. Во принцип, тоа е партнерски однос. Постојат ритуали кои можат да се извршуваат само во посебни центри, а некои се вршат на места кои им се посветени на одредени духови.

Некои ритуали се тајни, како оние за развој на состојби на транс, односно, комуникација со духови, а други се јавни.

Вуду- култот од самиот почеток успеа да ја задржи својата ексклузивност, во смисла дека на белците им беше забранет пристап при одржувањето на ритуалите. Затоа и не треба да изненадува што претставата во западните земји за оваа афроамериканска религија од самиот почеток е обоена со предрасуди. Се говори за „религија на зло“, за човечки жртви, канибализам, Вуду-кукли и зомби. Сепак, во Германија, наводно, има околу илјада припадници на Вуду-култот.

Во најголем дел, ваквите предрасуди ги користеше американската филмска индустрија и конструираше посебен жанр на хорор филм. Етнолошките студии на овој култ почнаа кон крајот на 50-те години на 20-от век и се‘ уште траат.

Автор: Петер Колаковски/Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска