1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Втор судски процес поради аферата „Ватиликс“

Во Ватикан денеска (05.11) почна вториот судски процес во аферата „Ватиликс“. Компјутерскиот техничар Клаудио Шарпелети е соочен со обвинувања за помош при кражба.

Клаудио Шарпелети се товари за пружање помош на батлерот на папата Паоло Габриеле, кој украл доверливи документи. Шарпелети е соочен со затворска казна во траење до една година. Во Рим се смета дека судскиот процес ќе биде краток.

Vatileaks Prozess

Паоло Габриеле доби 18 месеци затвор

Четириесет и осум годишниот програмер во ватиканскиот Државен секретаријат во текот на истрагата самиот се заплетка во противречни изјави околу блискоста со батлерот на папата. На неговата работна маса луѓето од истрагата најдоа плик со документи од папата на којшто пишуваше „П. Габриеле лично“.

Инаку, Паоло Габриеле е веќе осуден на 18 месеци затвор поради тешка кражба. Тој во текот на судскиот процес призна дека украл тајни документи од папата, дека истите ги копирал и му ги дал на италијански новинар. И покрај шпекулациите кои се појавија во медиумите, судиите дојдоа до заклучок дека Габриеле не е дел од заговор.