Втор случај на шап и лигавка во Велика Британија | Вести | DW | 07.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Втор случај на шап и лигавка во Велика Британија

*

Втор случај на шап и лигавка е регистриран на фарма во јужна Англија. Според ветеринарните служби, фармата се наоѓа во близина на поседот каде првпат се појави вирусот. Таму претходно превентивно беа убиени повеќе од 50 животни. Британските експерти се уште го испитуваат изворот на заразата. Две лаборатории се под сомнение дека вирусот потекнува од кај нив. Европската Комисија веќе воведе забрана за извоз на животни, млеко и месни производи од Велика Британија.