1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Втор процес против олигархот

Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски e прогласен за виновен во вториот процес против него. Тој е обвинет дека присвоил 218 милиони тони нафта и нелегално ги продал.

default

Михаил Ходорковски

Кратко пред објавувањето на пресудата, обвинетиот Михаил Ходорковски и неговиот неофицијален тужител премиерот Владимир Путин водеа дуел преку медиумите.

Офанзивата ја презема рускиот премиер кој во неговото годишно обраќање до нацијата за судбината на Ходорковски одговори: „Местото на еден крадец е во затвор. Според судските наоди Ходорковски се смета виновен за кражба, за многу голема кражба.“

Изјава која може да се сфати како однапред донесена пресуда, но не безусловно, оти Путин продолжи да зборува за даночните затајувања и измама. По овие две точки бившиот шеф на Јукос беше осуден во првиот процес против него. За конкретна кражба меѓутоа станува збор во сегашниот процес. Имено на Михаил Ходорковски и на неговиот партнер Лебедев им се префелува дека присвоиле 218 милиони тони нафта. Тоа е количина еднаква речиси на целокопната количина која Јукос ја црпеше во периодот 1998 до 2003. Државното обвинителство бара 14 години затвор, одбраната ослободителна пресуда.

Премиерот Путин при неговиот настап меѓутоа не заборави да наведе дека во периодот кога Ходорковски беше најбогатиот човек во Русија имаше и убиства во неговата фирма.

Michail Chodorkowski Prozess in Moskau

Михаил Ходорковски

Ходорковски од своја страна не реагираше на обвинувањата, меѓутоа во ексклузивно интервју за весникот „Независимаја“ изјави, цитат: „Сите се плашат од Вас, беше речено во емисијата. Страшен комплимент. Потребна ли ни е нависитина една Русија која се базира врз свирепост? Му посакувам на Путин добрина и трпение и да биде сакан, а не да се плашат од него. Можеби не од се’, но во секој случај не само од неговите кучиња.“

„Земјата самите ќе ја реформираме. Без гнев и покажување заби. Без измислени непријатели и вертикали на моќта за сопствена корист. Ние сме народот и Русија ни припаѓа нам!“ вели Ходорковски.

Размената на зборови предизвика дебата во Русија, од која се огради претседателот Дмитриј Медведев: „Ниту претседателот, ниту кој било друг државен службеник има право да заземе позиција, дали во актуелниот случај или во некој друг, додека не биде донесена пресудата - виновен или не е виновен. Тоа е сосема јасно“.

Автор: Кристина Нагел/ Александра Трајковска

DW.COM