1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Втор ден од судскиот претрес против Асанж

Во Лондон денеска продолжува процесот против основачот на интернет платформата Викиликс, Џулијан Асанж. По првиот ден од претресот Асанж е внимателно оптимистички настроен.

default

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

На вториот ден од расправата пред Судот во Лондон се очекува да бидат сослушани нови сведоци на обвинението и одбраната. По вчерашниот прв ден од претресот обвинетиот Асанж порача дека гледа надеж да го одбегне екстрадирањето во Шведска, каде е обвинет за сексуално злоставување на две жени минатиот август. Асанж порача: „има една црна кутија, на која пишува силување, но таа е празна.“

Инаку Џулијан Асанж по трет пат е пред лондонскиот суд, кој треба да одлучи дали 39 годишниот Австралиец ќе и‘ биде израчен на Шведска. Таму е осомничен дека минатото лето сексуално вознемирувал две жени. Шведските сведоци тврдат, дека при половиот однос, на кој биле согласни, Асанж против нивна волја не користел кондом. Осомничениот ги отфрла овие обвинувања: „Во Шведска престојував пет недели, откако беа подигнати овие обвиненија против мене. Во рок од 24 часа шведското јавно обвинителство се изјасни дека не постои ниту сомнеж, дека обвинувањата би можеле да бидат вистинити“, изјави Асанж.

Dossier Bild 1 Wikileaks

Однесувањето на Шведска е навистина загатка. Прво, случајот не го пријавиле двете жени, туку шведската полиција. Пријавата била проверена и одбиена, така што Асанж слободно можел да ја напушти земјата. Дури потоа шведското јавно обвинителство одново го отвори случајот и издаде меѓународна потерница по Асанж. За причините се шпекулира со две верзии. Или двете жени со кои Асанж имал полов однос во рок од 24 часа биле љубоморни и сакале да се одмаздат, или биле инструментализрани за реализирање на американски интереси. Според адвокатот на Асанж, сето ова поради тоа што правниот систем на САД не дозволува да биде побарано израчување на оваа основа: „Доколку воопшто би постоела можност за обвинение, дека Џулијан Асанж го прекршил законот, тогаш може да се кладите, тоа ќе беше утврдено во изминатите шест месеци. Јасно е дека не прекршил американски закон, како што се тврди.“

Асанж: не крадец на податоци, туку просветител

Дали целата секс афера се води за наводните „хајтек терористи“, како што ги нарекува американскиот вицепретседател Џо Бајден, да бидат спречени во работата?

WikiLeaks NO FLASH

Факт е дека Асанж ниту побегна, ниту се криеше пред законот, туку и‘ се предаде на полицијата во Лондон на 8 декември. Кратко време беше во истражен затвор, по што беше пуштен со кауција. Досега никого не храбрел да го снабди со материјал, вели Асанж. Себе си не се смета за крадец на податоци, туку за просветител: „Работата со Викиликс продолжува со исто темпо. Нашите партнери, весниците на секаде во светот и некои групи борци за човекови права и натаму ќе ги снабдуваме со депеши од амбасадите и друг материјал.“

Во меѓувреме, Асанж е дури номиниран за Нобелова награда за мир. Како образложение се наведува дека откритијата на Викиликс во значително придонеле за падот на поранешниот диктатор Бен Али во Тунис.

Автор: Јирген Ханеселт/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски