1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Второ полувреме во германско-шпанската пресметка

Борусија Дортмунд вечерва го пречекува Реал Мадрид во вториот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. По синоќешната голема победа на Бајерн над Барселона, растат надежите за германско финале.

Германската фудбалска јавност нема многу време да и се насладува на убедливата победа од 4:0 на Бајерн над Барселона во првото полуфинале во Лигата на шампионите. Веќе вечерва следува второто полувреме од големата германско-шпанска пресметка во која актери се Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Овие два тима оваа сезона веќе одиграа два натпревари, во фазата по групи. Борусија победи на домашен терен со 2:1, а во Мадрид беше 2:2.

За разлика од фудбалерите на Бајерн кои во дуелот со Барселона не делуваа премногу потресено од даночната афера која го потресува претседателот на клубот Ули Хенес, прашање е каква ќе биде атмосферата на стадионот во Дортмунд по објавувањето на веста за трансферот на најдобриот играч на домаќините Марио Геце во редовите на лутиот ривал Бајерн од следната сезона. За тоа најдобро говори и апелот од раководството на Борусија до навивачите да не го исвиркуваат Геце на теренот. И тренерот на Борусија, Јирген Клоп признава дека објавувањето на веста се случила во непријатен момент за неговиот тим.

Добрата вест за Клоп е што пред големиот дуел нема проблеми со повредени и казнети играчи. На спротивната страна, тренерот на Реал Жозе Мурињо мораше да го остави во Мадрид левиот бек Марсело кој се повреди на последниот дуел во шпанското првенство, додека Модриќ и Бензема поради ситни повреди ќе останат на клупата за резерви. Несвојствено за Мурињо, на вчерашната прес-конференција тој го издиктира и составот за денешниот меч. На голот ќе

Champions League 2012/13 Halbfinale FC Bayern München FC Barcelona

Момент од дуелот Бајерн-Барселона

биде Лопез, што значи дека капитенот Касиљас останува на клупата за резерви. Во одбраната: Рамос, Варан, Пепе и Контрао. Во средниот ред: Кедира, Алонзо, Езил, Роналдо и Ди Мариа. И во нападот Игуаин. Мурињо остави можност од тимот да отпадне и Ди Мариа, откако деновиве му се родила ќерка.

Поголеми изненадувања не се очекуваат ниту во тимот на Борусија, иако Клоп одби да ги соопшти играчите кои ќе истрчаат на теренот од првата минута.

Борусија Дортмунд досега еднаш во својата историја ја освоила Лигата на шампионите, во 1997 година. Реал Мадрид е деветкратен победник во натпреварувањето и Мурињо изјави дека главна цел на тимот сезонава е да се стигне до јубилејната, 10. титула.