1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Второ најдобро решение за името-компромис без победници

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска со орденот „8 септември“ го одликуваше поранешниот дански министер за надворешни работи Уфе Елеман Јенсен. Тој смета дека за името треба компромис, ако не е можен договор.

default

Ѓорге Иванов и Уфе Елеман Јенсен

Највисокото државно признание на Јенсен му се доделува за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Македонија со Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Македонија.

„Времето за решение на спорот истекува“

Јенсен денеска во Скопје рече дека Македонија мора да го реши проблемот со името доколку сака да биде дел од ЕУ и НАТО. „Најдоброто решение секогаш е она со кое обете страни се задоволни. Но, досега тоа не беше возможно. Тогаш, второто најдобро решение веројатно е компромис со кој обете страни ќе се малку незадоволни, затоа што за решението да биде одржливо, не смее да има ни победници, ниту губитници, рече поранешниот шеф на данската дипломатија, предупредувајќи дека времето за решение на спорот истекува.

Mazedonien-Europa

Македонскиот претседател Иванов го заокружи првиот круг на доделување на државни одликувања на заслужни странски државници, по основ на меѓународното етаблирање на македонската државност во првите години на независност. Покрај Јенсен, по тој повод, со орденот ‘’8 септември’’ беа одликувани поранешниот претседател на Сојузна Република Германија, д-р Роман Херцог и поранешниот претседател на Република Бугарија, д-р Жељу Желев.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа