1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Втора смртна казна за “Хеми-Али“?

Во Багадад вчера почна вториот процес против роднината на поранешниот диктатор Садам Хусеин и негов близок соработник Али Хасан Ал Маѓид.

default

Али Хасан Ал Маџид со прекар „хемиски Али„

Овој пат тој е обвинет за злостори против човечноста сторени при задушувањето на востанието на шиитите по првата Заливска војна во 1991. година. И овде му се заканува смртна казна, како што веќе ја доби поради нападите со отровен гас против курдското население при задушувањето на неговото востание во 70-тите години.

Интересот во ирачката јавност за најновиот процес пред Специјалниот трибунал вчера не беше голем. При тоа злосторите за кои станува збор се големи: повеќе од 100.000 лица паднаа како жртви при задушувањето на востанието на шиитите на почетокот од 90-тите. Овој судски процес треба да им донесе правда на најблиските на загинатите, порача портпаролот на ирачката влада, Али Ал Дабаг:

“Сегашниот судски процес за злосторите на стариот режим да се прикажува како одмазда е потполно погрешно. Станува збор за илјадници кои беа убиени во масакрите. Тоа беше геноцид и злостор против човечноста. Судењето на овие криминалци би требало да добие поддршка од целата меѓународна заедница.“

Шиитите од југот на Ирак во 1991-та му поверуваа на тогашниот американски претседател Џорџ Буш сениор. Тој во повеќе наврати ги повика Ирачаните да се кренат на востание против Садам Хусеин. Но, кога ситуацијата стана сериозна, Буш ги остави востаниците на цедило. Наместо да им пружи поддршка, американските сили се повлекоа и му оставија простор на поранешниот ирачки диктатор крваво да го задуши востнието. Неколку години подоцна Буш постариот го оправда таквиот потег со стравот од распаѓање на Ирак како државна творба. Овој настан од 90-тите години и ден денес ги оптоварува односите меѓу ирачките шиити како мнозинско население и САД.