1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Втора рунда напади врз Либија

Во Либија продолжуваат операциите на меѓународните сили. Во меѓувреме станува се` поизвесно дека и НАТО ќе се вклучи во офанзивата, и покрај тоа што неколку членки сигнализираа дека не сакаат да учествуваат во нападот.

default

Американски, британски и француски воени авиони и денеска бомбардира стратешки цели во северноафриканската земја. Командантот во американската армија Мајк Мулен, во интервју за американската телевизија ЕјБиСи, оцени дека првата фаза од воената интервенција била успешна. Офанзивата меѓу другото ги спречила војниците на Гадафи да го заземат седиштетот на опозицијата, градот Бенгази. Засега нема информации за либиски авиони во воздухот, меѓутоа пристигнуваат вести од Мисрата дека трупи лојални на Гадафи го нападнале градот. Градот бил од три страни под артилериски оган, и во него навлегле околопни возила.

Од вчера попладне француски, британски и американски борбени авиони и воени бродови гранатираат стратешки цели во Либија, со цел да ја оневозможат авијацијата на властодржецот Гадафи и да обезбедат спроведување на резолуцијата на ОН за воведување зона за забранети летови над Либија, како и заштита на цивилното население од режимот во Триполи.

NATO Libyen Kampfflieger NO FLASH

Нападите имаат за цел заштита на населението од трупите на Гадафи

Се` поизвесно вклучувањето на НАТО во офанзивата

По најзначајните прашања е постигнат консензус, информираат дипломати од маргините на состанокот на Советот на НАТО во Брисел. Повеќе држави членки на НАТО претходно сигнализираа дека не сакаат да учествуваат во воздушните напади.

По масовните напади, Гадафи се закани со одмазда „Подготвени сме за долга војна. Ќе ве победиме“, рече Гадафи во телевизиското обраќање. Според либиската државна телевизија, во акцијата на Западот загинале 48 лица, додека 150 се повредени. Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса ги критикуваше меѓународните воздушни напади врз Либија. Тие предизвикаа смрт на цивили и ги пречекоруваат рамките кои ги одобри Арапската лига. Русија и Кина изразија жалење за воената интервенција. Од Пекинг се вели дека Кина секогаш е против употреба на насилство во меѓународните односи. Министерството за надворешни работи во Москва повика на брзо прекинување на крвопролевањето и почеток на дијалог.

Автор: АТ/ТТ/дпа, афп, дв

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM