1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Втора најтешка торнадо-трагедија во САД

Бројот на загинати во смртоносните торнада кои го погодија југот на САД се искачи на 334. Станува збор за втора по големина торнадо-трагедија во историјата на земјата. Претседателот Обама вети итна помош.

default

Ситуацијата во Тускалуза, Алабама, по серијата торнада и катастрофална

Во изминатите неколку дена во јужниот дел на САД протатнеа повеќе од 160 торнада. Цели населби, трговски центри и бензиски пумпи беа срамнети со земја, насекаде можеа да се видат откорнати дрва и превртени авомобили. Бројот на загинати лица во седумте сојузни американски држави кои беа погодени од страшните вретенести бури во меѓувреме се искачи на 334, со што оваа торнадо-трагедија е втора најтешка во историјата на САД.

NO FLASH Alabama Tornado

Обама ги посети погодените подрачја

Само во март 1925 година торнадата што ги погодија сојузните држави Мисури, Илиноис и Индијана досега однеле повеќе жртви-747.

Инаку, најпогодена сојузна држава од последната серија торнада е Албама, каде што загинале 238 лица. Уште 1730 луѓе се хоспитализирани или повредени додека 20 и натаму се водат како исчезнати. Американскиот претседател Барак Обама вчера ја посета Алабама и претстојуваше во Тускалуза, едно од најпогодените места.

„Ќе сториме се’ за да не бидете заборавени“, порача Обама, ветувајќи итна федерална помош за погодените но и за обновата на нивните уништени домови.

На помош повикана Националната гарда

Flash-Galerie Tornado in den USA Alabama

„Она што го гледаме овде е последица од само неколку минутно беснеење на екстремно моќна бура. Мислам дека вакво нешто никој овде досега не видел. Наш главен приоритет е да и‘ помогнеме на Тускалуза да се опорави. Ние ќе сториме се‘ за луѓето погодени од катастрофата и ќе помогнеме повторно да ги изградат своите домови“ , рече Обама.

Покрај најсилно погодената Алабама, серијата торнада однесе човечки животи и во сојузните држави Мисисипи, Арканзас, Тенеси, Џорџија и Вирџинија. Во повеќето од нив е прогласена вонредна состојба, а на помош се повикани единиците на Националната гарда да помогнат во спасувачките и операциите за расчистување на урнатините.

Автор:СН/ЖА/афп/ртр/дв

Редактор: Жана Ацеска