1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Втора можност за германскиот „РВЕ“?

Македонската влада и германската амбасада се надеваат дека германската компанија „РВЕ“ ќе учествува на новиот тендер за хидро-централите Чебрен и Галиште. Првиот тендер беше поништен поради недоследности во постапката.

default

Седиштето на „РВЕ“ во германскиот град Есен

Во наредните две седмици компаниите заинтересирани за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште треба да го потврдат учеството на тендерот за овој проект. Станува збор за бизнис вреден неколку стотици милиони евра, инвестиција која се одложува поради тоа што македонската влада го поништи првиот тендер. Најсериозен кандидат за изградба на двете хидроцентрали на реката Црна, на поништениот тендер беше германската компанија „РВЕ“. Одлуката за поништување на крајот од минатата година, Германците ја дочекаа видно разочарани од третманот кон потенцијалните инвеститори во Македонија.

Debarsko See in Mazedonien

Подобрување на „енергетската слика“ на Македонија со нови вештачки акумулации како Дебварското езеро (на сликата) и хидро-централи,

Сега тендерот е одново распишан. Крајниот рок за пријавување е 19 март. Македонската влада се надева дека „РВЕ“ ќе се јави и на повторениот тендер, а оптимисти се и во германската амбасада во Скопје.

Сигнал за други компании

Заменик-амбасадорката Елизабет Милер, задолжена за економски прашања, за Дојче Веле објаснува дека големите проекти, како тендерот за хидроцентралите Чебрен и Галиште, можат да бидат сигнал за компаниите, кои би сакале да инвестираат во Македонија.

„Во таа смисла тендерската постапка се следеше со големо внимание и одлуката за поништување кон крајот на ноември минатата година е секако забележана и регистрирана. Сега тендерот е распишан повторно и ние се надеваме дека компанијата ’РВЕ’ ќе биде во состојба да учествува повторно“, вели Милер во изјавата за Дојче Веле и додава дека третманот на странските инвеститори, кои се веќе присутни во земјата, е поважна реклама од сите кампањи за можните нови странски инвеститори.

„РВЕ“ понуди 700 милиони евра

RWE AG

„РВЕ“ посакуван инвеститор

Одлуката за поништување на тендерот Владата ја објаснува со недоследности во постапката. Ако потпишевме договор ќе го прекршевме законот, тврди премиерот Никола Груевски. Според него понудите што биле доставени од компанијата „РВЕ“ и од другата компанија, која учествувала на тендерот, биле такви што не и’ овозможувале на владата да направи избор. „И едната и другата компанија одеа на варијанта да го понудат тоа што тие сакаат, а не она што се бараше од нив со тендерот“, рече Груевски.

Изградбата на Чебрен и Галиште е најголемата потенцијална германска директна ивестиција во Македонија. Компанијата „РВЕ“ на претходниот тендер понуди 700 милиони евра за овој проект.