1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вселенскиот патријарх изразил желба за побрзо решение за спорот меѓу СПЦ и МПЦ

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на кратката средба со поглаварот на МПЦ Стефан во Софија, изразил желба за што поскоро изнаоѓање решение за проблемот, меѓу СПЦ и МПЦ.

default

Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј

Во денешното соопштение од Кабинетот на архиепископот г. г. Стефан, се вели дека на кратката средба во Софија меѓу Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј и г. г. Стефан, присуствувал и српскиот патријарх г. г.. Иринеј кој ја споделил желбата за што побрзо изнаоѓање решение за спорот меѓу СПЦ и МПЦ.

Соопштението од Кабинетот на архиепископот г. г. Стефан, е издадено денеска поради зачестените информации, како и некои дезинформации, објавени во медиумите во врска со посетата на поглаварот на Македонската православна црква на Софија, по повод погребот на поглаварот на Бугарската православна црква.

G G Stefan Oberhaupt der Mazedonischen Orthodox Kirche

Aрхиепископот охридски и македонски г. г. Стефан

„Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, придружуван од митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, на 9-ти овој месец присуствуваше на заупокоената литургија и опелото на блаженоупокоениот Бугарски патријарх г. г. Максим во катедралниот храм ’Св. Александар Невски’ во Софија. Пред почетокот и за време на литургијата, архиепископот имаше кратки и срдечни средби со претставници од повеќето помесни православни цркви“, се наведува во соопштението.

По завршувањето на опелото, како што е посочено, во олтарот на катедралниот храм, архиепископот г. г. Стефан се сретнал и се поздравил со неговата сесветост Вселенскиот патријхарх г. г. Вартоломеј, со српскиот патријарх г. г. Иринеј, со атинскиот архиепископ г. г. Јероним, со албанскиот архиепископ г. г. Анастасиј и др.
„При таа кратка средба, Вселенскиот патријарх, во присуство на српскиот патријарх, изрази искрена желба за што поскоро изнаоѓање решение за проблемот, мислејќи на спорот меѓу СПЦ и МПЦ. Српскиот патријарх г. г. Иринеј ја сподели желбата на Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј“, се посочува во соопштението од Кабинетот на архиепископот.