1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Врховниот суд ја потврди здравствената реформа на Обама

Врховниот суд на САД одлучи во полза на здравствената реформа на претседателот Барак Обама. Законот според кој повеќето Американци се принудени да имаат здравствено осигурување не е спротивен на уставот, одлучи судот.

Одлуката на судот (28.06), според првичните ракции, е прилично компликувана. Судиите бараат и извесни промени на законот за здравствено осигурување, кој се смета за најзначаен во мандатот на Барак Обама. На 23 март 2010 година тој потпиша закон за здравствена реформа што либералната јавност во САД го оцени како незапамтен успех во обезбедување здравствено осигурување за речиси 30 милиони луѓе кои не биле на кој било начин осигурани.

Според новите законски правила, кои би стапиле на сила во 2014 година, сите Американци кои не се осигурани преку своето работно место, би биле обврзни да купат полиса за осигурување, а значително би биле намалени правата на осигурителните компании кои досега можеа да откажат осигурување кога некому му е најпотребно. Републиканците се против законот сметајќи дека тоа е мешање на државата во индивидуалните слободи на граѓаните.

Одлуката на Судот, според дел од аналитичарите, може да ги зајакне или ослабне шансите за реизбор на Обама на ноемвриските избори. Последната анкета направена од Фокс Њуз, говори дека половина Американци и натаму се противат на реформа на здравствениот систем предложена од Обама, но се „за“ извесна реформа во однос на сегашната состојба.