1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Врз Путин се подготвувал атентат

Портпаролот на рускиот премиер Владимир Путин, Дмитри Песков, ја потврди информацијата за спречување на атентат врз премиерот, што утрово ја објави рускиот Прв канал на телевизијата.

„Ја потврдувам информацијата, но засега нема да ја коментирам“, изјави Песков за Итар-Тасс. Песков објасни дека во Одеса, Украина, се уапсени лица за кои е распишана меѓународна потерница. Од нивниот исказ произлегува дека атентатот сакале да го извршат во Москва, веднаш по претседателските избори.

На телевизиска снимка објавена утрово, две уапсени лица зборуваат дека делувале по налог на водачот на чеченските бунтовници, Док Умаров и дека за нападот се подготвувале во Одеса.

„Ни‘ рекоа прво да дојдеме до Одеса и да научиме да правиме бомби. А после тоа, во Москва ќе изведете напади на комерцијални цели, а на крај ќе изведете атентат врз Путин“, вели човекот по име Пјанзин.

Другиот човек на видео снимката, со име Адам Осмајев, изјави дека крајниот рок за изведување на атентатот бил после изборите на 4-ти март, на кои, како што се очекува, Путин ќе освои трет претседателски мандат.

Пред четири години на денот на претседателските избори, 2-ри март 2008-ма година, специјалните служби, како што беше тогаш соопштено, спречија атентат над Путин, кој во тоа време беше претседател на државата.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв/макфакс

Редактор: Е. М. Фиданоска