1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Време за морална и духовна преродба

Папата Бенедикт Шеснаесети денеска во традиционалната велигденската порака „Урби ет Орби“ на ватиканскиот плоштад Свети Петар истакна дека Велигден ја носи пораката за простување, добрина и вистина во светот.

default

Папата Бенедикт Шеснаесетти

Десетици илјади верници и туристи денеска присуствуваа на велигденската миса во Ватикан, која ја предводеше папата Бенедикт Шеснаесетти. Тој потоа до католиците од целиот свет ја испрати традиционалната велигденска порака.

„ Со својата смрт и воскреснување, Исус Христос не‘ ослободи од ропството на гревот и ни го отвори патот кон ветената земја, Кралството господово, универзалното кралство на правдата, љубовта и мирот“, истакна меѓу другото 82-годишни поглавар на римокатоличката црква Бенедикт Шеснаесети во традиционалната порака „Урби ет орби“.

Papst Benedikt Ostergruß Ostermesse Urbi et Orbi

Илјадници собрани на плоштадот Свети Петар во Рим

Папата повика на „мир“ и „разбирање“ на Блискиот Исток и го осуди страдањето на христијаните во Пакистан и насекаде во светот, каде што има верски прогони. На крајот тој го им го честита празникот на верниците на 65 јазици, меѓу нив и на германски и на македонски.

Демонстративна поддршка за папата

Пред почетокот на велигденската миса, како што јавуваат италијанските медиуми, кардиналот Анџело Содано сосема надвор од протоколот му се обрати на Папата, пофалувајќи го како храбар водач и ги офрли обвинувањата за заташкување на педофилските случаи како „злонамерни приказни“.

Никогаш претходно една велигденска миса на плоштадот „Свети Петар“ не започнала со таква порака насочена кон папата. Тој пак ниту еднаш во денешното послание не се осврна на скандалите со злоставување на деца што ги тресат католичките цркви во повеќе земји.

Автор: СН/ЖА/ дпа/ројтерс/миа/дв

Редактор: Жана Ацеска