1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Време е за НАТО 3.0

Министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО-земјите во Брисел го разгледуваат новиот стратешки концепт на Алијансата. Што предвидува тој и како НАТО се подготвува за предизвиците на иднината?

default

НАТО мора повторно да се пронајде себеси - Андерс фог Расмусен

„НАТО е најуспешната алијанса во историјата“, вели генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, додавајќи дека така мора да остане и во иднина. Меѓутоа, за таа цел, Алијансата ќе мора уште еднаш да се пронајде себеси. По студената војна и преодната фаза

NATO Flagge Logo

што следуваше по неа, сега е време за ново, трето продолжение на приказната за НАТО. А тоа предвидува строг курс на штедење. Бројот на главните претставништва на Алијансата ќе се намали од единаесет на најмногу седум, се согласија министрите за одбрана денеска во Брисел. Освен тоа, редуциран ќе биде и бројот на агенциите на НАТО, од четиринаесет на само три. Кои претставништва и агенции ќе бидат погодени ќе се знае по самитот во Лисабон.

Што се однесува до новиот стратешки концепт, во него се набројуваат редица нови закани од сите страни. Терористички напади, напади на сировините и патиштата за снабдување со нив, на пример, од иранските ракети, па дури и хакерски напади врз компјутерските системи на цели држави.

Антиракетен штит - да, меѓутоа и атомско разоружување

Една од централните темите што се разгледува на денешната средба во Брисел е иницијативата за подигање заеднички европски антиракетен штит. Како што изјави Расмусен, заканите се јасни, а последиците предвидливи.

NATO Treffen Karl-Theodor Guttenberg Robert Gates

Антиракетниот штит е добра идеја - Гутенберг разговара со американскиот колега Гејтс

Германија принципиелно го поддржува тој предлог „Сметаме дека заедничкиот антиракетен штит е добра идеја“, рече германскиот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг денеска во Брисел. Тој меѓутоа побара натамошното атомско разоружување исто така да биде внесено како една главните компоненти во новата стратегија на воената алијанса. Зад ова барање стои и шефот на германската дипломатија, Гидо Вестервеле: „Сакаме и последното парче атомско оружје, стационирано во Германија, да биде повлечено“, нагласи тој.

Франција, пак, како атомска сила, исто така се согласува со градењето на заеднички антиракетен штит, меѓутоа не гледа потреба од откажување од сопственото атомско оружје. На прашањето дали е можно приближување на ставовите со соседот, германскиот министер за одбрана Гутенберг одговори дека тоа ќе мора да се види, истовремено опишувајќи го новиот концепт на НАТО што се дискутира во Брисел како „итно потребен.“

NATO Generalsekretär Anders Fogh Rasmussen NATO Treffen

Генералниот секретар Андерс фог Расмусен

Со тоа се сложува и генералниот секретар на Алијансата, Андерс фог Расмусен. Според него, самитот во Лисабон ќе биде еден од најважните во историјата на НАТО.

Сепак, барањата на Германија за атомско разоружување нема да биде составен дел од официјалната стратегија. Наместо тоа, Алијансата ќе формира посебна комисија, што ќе се занимава со ова прашање. Некои дури сонуваат дека антиракетниот штит, кој постојано ќе се надградува, во иднина ќе ја направи потребата од поседување атомско оружје сосема излишна. Меѓутоа, тоа најверојатно ќе остане случај за следната, четврта глава во историјата на Алијансата.

Автор: ТТ/ СН/ дпа/ дапд/ дв

Редактор: Александра Трајковска