1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Време е за меѓуетничко помирување во Македонија?

Македонија понекогаш запаѓа во усложнети политички ситуации, како и сега, кога меѓуетничката толеранција се соочува со предизвици. За нив на денешниот Светскиот ден на толеранцијата,говорат експерти и граѓани од Тетово.

Дали е таа во зоната на етничката толеранција, или на нетолеранцијата?

Муса Мусаи, експерт за психологија од Државниот универзитет во Тетово вели: „Македонија е меѓу овие две опции. Не би се согласил целосно дека постои нетолеранција. Постои каква – таква соработка и поврзаност меѓу луѓето, заеднички ставови и планови во културата, образованието, некогаш и во политиката. Но, ако се стават во центарот политиката и други фактори, кои имплицираат политички, или етнички мотиви, тогаш можеби има место да се зборува за нетолеранција меѓу етникумите.“

Александар Кржаловски, извршен директор на „Македонскиот центар за меѓународна соработка“ од Скопје, е категоричен: „Јас не би се согласил баш дека нема етничка интеграција, или дека сме толку нетолерантно општество. Дури, веројатно, Македонија може и да ’извезува’ меѓуетничка толеранција во некои региони и држави во светот. Има голема традиција на мултикултурно и меѓуетничко живеење и соработка кај нас.“

„Законот за бранители’ води кон етничка хомогенизација

Musa Musa Professor für Psychologie an die Universität Tetovo

Муса Мусаи, експерт за психологија од Државниот универзитет во Тетово

ДВ праша дел од граѓаните на Тетово: има, или нема доволно меѓуетничка толеранција во нивната средина?

Тие велат: Тие велат: – „Луѓето се почитуваат меѓу себе без оглед на верата, нацијата. Се разбираме.“; – „Како Албанец, велам дека луѓето живеат и работат заедно, нормално. Се помагаме. Во Тетово нема никакви проблеми“ – „Релативно може да се каже: постои толеранција. Јас сум Македонец и соработувам со Албанците.“; – „Имаме соработка и толеранција ние, Албанците, со Србите, со Македонците, со сите. Добро е.“

„Не може да се знае каде е толеранцијата меѓу етникумите додека се веат етничките знамиња“ – нагласува Мусаи, сметајќи: „Нема да се мисли толку на доброто на општеството во целина, колку на индивидуалните, или на партиските позиции на одделни структури, ако преокупација се политичката идеологија, етничките симболи, националните ориентации на луѓето, кога и институциите ги охрабруваат и ги мотивираат луѓето на такво нешто. Кога луѓето ќе имаат внатрешна сила и мотивација на независен начин да одлучуваат за работите и кога човекот ќе биде на прво место, тогаш нема да постојат проблеми со законите, било да се однесува за поранешните албански борци, било за поранешните државни воени-полициски структури. Проблемите ќе бидат многу помали, ако заедничка цел е меѓуетничкото помирување. Тогаш јас ќе бидам ’другиот, а другиот ќе биде ’јас’.“

„Законот за бранители' ја турка Македонија кон етничка хомогенизација на Македонците и Албанците“ , коментира Мирјана Малеска, експерт за меѓуетнички односи од Институтот за социолошки и политичко-правни односи од Скопје, напоменувајќи: „Ова е многу опасна ситуација. Обидот на ДУИ да го реши тоа со политички, со парламентарни средства помага да не ескалира конфликтот. Додека трае таа процедура, македонското општество е се’ уште безбедно на некој начин, бидејќи се користат политички, а не други средства. Само, на се има граница и крај. Постои апсурд: раководството на ДУИ е во Владата, а оние што биле борци на ОНА се уште се за другата страна ’терористи’. Како е ова можно?!“

Што велат анкетираните тетовци околу одразот на искричењата од парламентарната расправа за тој закон врз етничката толеранција?

„Меѓу народот има толеранција“

Mazedonien Tetovo Multiethnische Gemeinschaft

Мирјана Малеска, експерт за меѓуетнички односи од Институтот за социолошки и политичко-правни односи од Скопје

Тие одговараат: – „Гледам дека постои толеранција. Имам приватна фирма и кај мене се вработени Македонци, Албанци и Роми. Има разбирање, ама кај обичните луѓе. Политиката си го прави своето: на јавно место се скаруваат, а потоа се секогаш заедно – заради нивните интереси.“; – „Меѓу обичниот народ постои толеранција, а она во парламентот е политика.“

Кржаловски укажува на најновата анализа на „Институтот за демократија“ од Скопје и споменатиот центар во врска со оспорениот закон: „Тој нема да помине ваков каков што е замислен. Тој не е спорен, туку тоа што не се третираат припадниците на ОНА во него. Препорака е да се оди со друго решение, кое и не мора да биде законско, за да се опфатат и тие учесници во конфликтот од 2001 година. Меѓународното право вели дека не можат да бидат изедначени учесниците од двете страни, оние кои направиле кривични дела, или злосторства против човештвото, без оглед на амнестијата. Потребни се сеопфатен пристап и нивна реинтеграција во општеството преку програми за вработување и слично, кои и не мора да бидат финансирани од државниот буџет, туку и со меѓународни пари.“

Толеранцијата меѓу етникумите продолжува да биде традиција во оваа земја. Тоа ќе задобива уште повеќе на значење колку повеќе и државата ќе го забрзува своето евроинтегрирање.