1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Времето на кампањата поволно за цутење на корупција“

Изборната кампања во Македонија е и под сомнеж за трошење големи пари за партиска промоција. Транспарентност Македонија смета дека времето на кампањата е исклучително поволно за цутење на корупција.

default

Дури 90 проценти од активностите на политичките партии се финасираат анонимно. За време на изборните кампања секогаш почнува нов циклуус на корупција. Се поставуваат нови релации со бизнис олигархијата и со анонимните донатори, а по доаѓањето на власт, политичките партии го враќаат долгот. Експертите предуредуваат дека изборите се извор на корупција, а граѓаните не се спротивставуваат на тоа туку го прифаќаат како нормално. Габриела Коневска од Транспарентност Македонија предупредува дека во партиските сметки има голема недоследност. ВМРО ДПНЕ прикажува минимални суми и блокирана сметка, а води скапа изборна кампања. Истот се случува и со СДСМ. Се трошат многу пари. Една секунда за телевизиско преставување чини 60 до 150 евра забележува шефицата на Транспарентност Македонинја

„Така да овие изборни сметки секогаш добро се фингираат и одлично се прават да бидат во оние законски рамки односно она што е во лимитот на користењето на средстават на партијата. Најголемиот дел или виоопшто не се регисртираат или едноставно покажуваат во оваа редовна сметка, но внимавајте државниот изборен ревизор ќе може само да ги контролира оние политички партии кои ќе влезат во идниот парламент на Република Македонија.“

Партиите или не ги покажуваат сите донации и приливи на пари или ги фингираат сметките, уверен е поранешниот министер за финасии Џевдад Хајредини „Во официјалните деловни книги, во податоците не се прикажува ни половина од бизнисот. Немојте да имете илузии дека е тешко од џебовите на бизнис олигарсите нема да стигнат парите на разни начини до политичките партии. “

Македонките граѓани се помирени со таквата состојба. Тоа за професорот Љубомир Кекеновски е страшно. Луѓето и фирмите во Македонија ги доживаат изборите како панаѓур или берза. Има ли решение за да се застане на патот на парите и да се намали или елиминира корупцијата „Едното правно решение и правниот лек е многу едноставно казна и второто решение е странски компании кои ќе имаат сила во оваа мала економија каква што е Македонија да направат радикална промена на воспоставување и подигање на социјалните, економските стандарди, правилата на игра, спорведувањето на законите.“

Експертите се согласни дека во изборниот законик има дупки што овозможуваат злоупотреби. Државната анти корупциска комисија најавува дека за ралзика од досега на овие избори анти - корупционерите се подготвени да го следат финасирањето на изборната кампања и оти ќе преземат се’ што е во нивна надлежност за да утврдат како се трошат парите.