1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вредниот уметник во потрага по смислата на животот

Во Германија е објавена книга, посветена на долгиот уметнички живот на Ингмар Бергман. Во неа се застапени текстови од и за шведскиот режисер, додека на придружното ДВД можат да се видат и неговите први режисерски обиди.

default

Ингмар Бергман

Кратко пред смртта, Ингмар Бергман им дозволи на еден германски и еден шведски издавач да погледнат во неговата приватна архива и од тоа да направат книга. Резултатот е речиси 6 килограми тешката книга, во која на 592 огромни страници е претставено делото на уметникот. Двајцата издавачи, потоа филмскиот публицист Пол Данкан, како и долгогодишниот личен фотограф на Бергман, Бенгт Ванселиус, во седум поглавја се осврнуваат на филмовите на големиот мајстор. Во книгата еднаков простор се издвојува и за помалку познатите филмски остварувања, како и за големите хитови.

Buch Cover Ingmar Bergman

Насловната страница на книгата „Архивите на Ингмар Бергман“

Магијата на киното

Шведскиот режисер снимил повеќе од 50 филмови, меѓу кои првите ремек-дела како „Диви јагоди“, скандалозниот „Молчење“, како и модерната класика „Сцени од еден брак“. Неговите филмови често изобилуваа со големите прашања на човештвото. Тој секогаш беше во потрага по Господ, во потрага по смислата на животот, болеста, смртта, во потрага по настанувањето на љубовта.

Сепак, Ингмар Бергман не беше посветен само на филмот. Во книгата се посветува внимание и на работата на Бергман, настрана од филмот. Тој, на пример, често режирал драми на бините во Стокхолм и останатите европски метрополи. Пишувал и радио и телевизиски драми, книги, текстови за списанија: Бергман бил вреден уметник. Неретко се случувало да сработува по два или три големи проекти годишно, и тоа до својата старост.

Film Wilde Erdbeeren von Ingmar Bergmann

Сцена од филмот на Бергман, „Диви јагоди“

Престојот во Германија

Ингмар Бергман живеел 10 години во Германија, од 1976 до 1985, најмногу во Минхен. Покрај безбројните поставки на драми во минхенскиот театар, во овој период снимил и неколку големи филмови, како „Змиско јајце“ или телевизискиот проект „Од животот на марионетите“. Во нив глумеле и неколку денешни големи германски актери, кои со филмовите на Бергман собирале меѓународно филмско искуство.

Книгата за големиот режисер ја надополнува и ДВД-то, на кое се поместени ексклузивни снимки од снимањата на некои од неговите најголеми филмови. Но, она што е посебно интересно е што за првпат публиката има можност да ги види и неговите први режисерски обиди од 50-те години.