1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Враќање на старите патеки на успехот?

Германскиот филм во последниве години повторно бележи значителни успеси на меѓународно ниво. Меѓутоа Германците и натаму често расправаат за тоа како домашниот филм да се врати на легендарните моменти на слава и успех.

default

Во германската филмска јавност и натаму кружи вечното прашање кој и кога ќе го замени Рајнер Вернер Фасбиндер, легендарниот режисер и еден од најзначајните претставници на ерата на Новиот германски филм.

Алфред Холигхаус, филмски критичар кој на Берлинскиот филмски фестивал е задолжен за програмата „Перспективи на германскиот филм“ на ова прашање одговара:

„ Постојат две добри вести: Едната гласи дека веќе десет години во германската кинематографија постои континуитет. Според тоа повеќе не е точно тврдењето дека по Фасбиндер во германскиот филм настана голема празнина. Се разбира постои уметничка празнина по Фасбиндер. Станува збор за гениј, кој се раѓа еднаш во сто години. Освен тоа постоеја и економски причини кои го оневозможуваа развојот на германскиот филм. Сега и тоа се промени“

Телевизијата: спас или клетва за филмот

Во меѓувреме Германија ја имаше генерацијата на филмски режисери како Фолкер Шлендорф, и Вим Вендерс, кои се’ уште снимаат филмови.

Rainer Werber Fassbinder Archivfoto 1981

Рајнер Вернер Фасбиндер

Постои и многу успешна, условно кажано, меѓугенерација која ја претставуваат Рајнер Кауфман, Волфганг Бекер и Том Тиквер. И конечно тука е многу успешната најмлада генерација, која ги враќа гледачите во кината.

Значи станува збор за континуитет од десет години, кој порано и недостасуваше на германската кинематографија. Освен континуитетот постои и разновидност. Денес воопшто не може да се тврди дека постои определен германски жанр, со оглед дека постојат голем број разновидни жанрови. Според филмскиот критичар Алфред Холигхаус, проблемот во германската филмска индустрија го направи телевизијата, зашто долга низа години се снимаа исклучиво телевизиски филмови:

„Исто така е точно дека телевизијата го овозможи опстанокот на филмот во Германија. Неминовно беше телевизијата да остави и големо влијание врз уметниците. Tака сега имаме филмови на големото платно кои повеќе наликуваат на телевизиски остварувања. Но исто така постојат и телевизиски филмови кои во себе носат кино баланс.

Автор: Јохен Киртен/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска