1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Враќање на добитничката на Нобеловата награда за мир

Во Мјанмар денеска (01.04.2012) се одржуваат делумни парламентарни избори на кои учествува и водечката претставничка на опозицијата - Нобеловата лауреатка Аунг Сан Су Чи.

default

Нобеловата лауреатка Аунг Сан Су Чи.

Парцијалните избори во Мјанмар (поранешна Бурма) започнаа со голем одзив на избирачите. Уште во раните утрински часови во пристанишната метропола сообраќајот беше заглавен поради тоа што десетици илјади луѓе беа на пат кон избирачките места.

Најпрочуена кандидатка за место во парламентото на овие парцијални избори во земјата е добитничката на Нобеловата награда за ми , Аунг Сан Су Чи. На изборите кои оддржуваат во 45 изборни окрузи во земјата, 66- годишната лидерка на опозицијата и други кандидати од нејзината партија Национална лига за демократија важат за сигурни победници. Аунг Сан Су Чи повеќе од 20 години се бореше против воената власт во нејзината татковина и поради тоа речиси 15 години мина во домашен притвор.

Nachwahlen in Birma 2012

Турканици на гласачките места во Мјанмар

Денешните избори важат за тест за реформската волја на владата и претставуваат важен предуслов за ублажување на економските санкции на Западот против оваа земја во југоисточна Азија, која долги години беше целосно изолирана поради владеењето на војската.

Воена хунта по речиси пет децении владеење минатата година во март ја предаде власта на цивилна влада, која вети широк реформски процес. Во тие рамки  беа ослободени бројни политички затвореници, меѓу кои се неколкумина лидери на студентска група за демократија кои застанаа зад антивладините протести во 1988-ма и 2007-ма година.