1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Враќање кон корените

Ген-техниката и слободната трговија не се решение за кризата со храната што ја предизвикаа високите цени, туку враќањето кон корените. Ова е заклучокот на светскиот извештај за земјоделството.

default

Еден од причинителите за ескплозијата на цените на храната: биодизел

Со оглед на кризата со храна и социјалните немири што ги предизвика таа, во светскиот извештај за храната подговен од меѓународни експерти, се бара радикална иновација на глобалното земјоделство. Методите во земјоделството во целиот свет мораат да се сменат за сиромашните да бидат подобро обезбедени и да се спречат социјални немири и еколошки катастрофи, се вели во извештајот што деновиве беше претставен во Париз и Најроби. Во подготовката на овој извештај работеа околу 400 научници и претставници на влади. Веќе го прифатија 64 држави меѓу кои Франција, Полска, Кина, Бразил и Индија, додека Германија се уште не. САД, Канада и Австралија во основа се согласуваат со него, но искажаа и одредени несогласувања. Експертите врз текстот работеа скоро три години по налог на Светската банка и Обединетите нации. Кога го претставија, не се воздржуваа од јасни зборови. Според нив, модерното земјоделство придонесе да се прозведува повеќе храна од порано, но таа е неправедно расподелена, за многумина е невозможно да ја платат, предупреди Џуди Вакхугу, една од раководителките на истражувањето:

„Го имаме проблемот што во некои делови на светот расте побарувачката од биодизел. Тој се добива од обработливите површини и претставува директна конкуренција на прехранбените производи. Бидејќи се трошат повеќе пари за биодизел, растат цените на храната, соодветно на понудата и побарувачката„.

Но, ова не е се’. Експертите открија колку врз цените на храната влијаат и шпекулантите на светските пазари. Долгогодишната негрижа за земјоделското производство, пред се во земјите во развој е причина за тоа што резервите храна се намалија. Посебно тешка е состојбата во Африка, единствениот континент во кој опадна произвдоството на храна. Дури и таму каде што жетвите беа богати, ситуацијата бргу може да се промени, предупредува Вакхугу:

„Има подрачја каде што се прозиведуваа големи количества житарици, но каде што поради климатските промени жетвите се намалени. Климатските експерти не ни даваат надеж дека ситуацијата ќе се подобри, па и од тие причини цените растат„.

Во нивниот извештај аграрните експерти препорачуваат враќање кон корените. Не ген или био технологија, туку домашен начин на прозиводство, природни семиња, тоа се основите за долгорочна зелена револуција. Дека тоа е можно докажаа Мелаку Вореде и нејизната грпа „Семе за преживување„ уште пред повеќе години:

„Во Етиопија го развивме домашното семе кое даде многу подобри жетви од вештачките, индустриски произведени семиња кои во моментов се многу популарни„.

Извештајот се спротивстваува и на доминантното научно истражување. Потребно е да се отворат пазарите на Европа и Америка, а не обратно, вели Џуди Вакхугу:

„Во идеален случај, прехранбените производи не смеат да се третираат како економски профитабилни добра. Кога станува збор за биодизелот, мора точно да се види дали тој вистина е средство што ги решава проблемите. Потребна ни е критичка анализа„.